свој (прид.) - тирада (имн.)

Татко не беше начисто каде целеше Камилски со својата тирада за Рабле и неговата гастрономија, имајќи чувство дека тој се оддалечува од нивната тема, но тој веруваше дека е длабоко во темата: Имало многу обиди во историјата на човештвото во време на револуции и окупации, побуни и нови режими, да се чистат јазиците од зборовите на другите, со помал или поголем успех, но најтешко се менувале заемките за јадењата, односно за гастрономијата...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко внимателно слушаше, задоволен што Камилски најпосле се доближува до нивната тема за називите на османскотурцизмите во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)