свој (прид.) - тетка (имн.)

Иста е, верна копија на својата тетка. - гледајќи ја вчудоневидено констатира Никодин.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Стројната Рада со секој чекор ја истакнуваше својата женственост која, за чудо, ја беше наследила од својата тетка, сестрата на Никодин.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Смири се душо, тоа сум јас. - маската на нејзинито лице ѝ оневозможи веднаш да ја препознае својата тетка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пред два месеца Асја во играта ја вклучи и својата малолетна внука Сања која, уште како малечка, често доаѓаше кај својата тетка, на поседок.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се гордееше со таткото на својот татко, познат ботаничар во Крајова, живо го прераскажуваше она што го слушала од своите тетки, чичковци и батучеди.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Најмалиот Густав се приближи до нејзините нозе и ѝ ги допре стапалата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога Клара се преселила кај својата тетка, таа тукушто станала вдовица и се вратила од Лондон каде живеела со својот сопруг.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Немала деца, и потполно ѝ се посветила на внуката, ја научила да говори англиски и француски, ѝ дала да чита и популарни романи, но и дела од Олимп де Гуж и Мери Волстонкрафт, малку предвреме за да ги разбере во потполност, но сосема навреме за да се определи да се бори за правата на жените.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Синовите на Густав Климт гледаа во својата тетка како лежи, во склопчена положба како фетус, со безизразно лице како ембрион.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)