свој (прид.) - терен (имн.)

Не беше бистра, но сакаше да ги употребува рацете и се чувствуваше на свој терен кога беа во прашање машини.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По некое време нашата единица ја повлекоа во Ѓорче Петров.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
…по третата можеби четврта чинија салата четвртата можеби петта чашка лоза го прашав како ти беше тој одговори сосема мирно голтајќи сочни резниња домати се префрлав на свој терен густирав лоза со салата од домати тоа беше убедливо мое мечтаење моја игра само јас можев да ја одречам а не бев луд да го направам тоа нели…
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Тој почувствува дека се најде на свој терен, па супериорно продолжи: - Да, мој пријателе, појавата на јазиците и натаму останува енигма за науката и лингвистите кои се поделени за нивното потекло, но генерално се прифаќа дека способноста за зборување на човекот започнува пред два милиони и двесте илјади години според генетичкиот код на Homo habilis.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Конечно бевме на свој терен, се развеселивме и почнавме да пукаме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)