Како и да е, потиснувајќи ја болката од разделбата со тоа што се трудеше да се убеди дека сето тоа е природно, за разлика од жена му која како мајка ја преживуваше разделбата како доилка што одбила рулче од боска, Гого продолжуваше да слика (зашто ништо друго и не умееше) следејќи го својот темперамент со истиот нагон и снага.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Оттогаш се откажа од барањето државна работа и ги засука ракавите како слободен уметник - сам во шупата што му ја отстапи стопанот без надоместок како ателје не можеше никому да му пречи со својот темперамент.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Секој со својот темперамент на позата, секоја со својот куршум на генијалноста, секој со својот налудничав неспокој.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Во сета различност на своите темпераменти, тие се подеднакво огорчени на работата што се принудени да ја вршат.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Вратата од гаражата се затвораше и ние, победените Команчи, остануваме внатре, само во темнината.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)