Се обидуваше да најде, во неговиот пример, конечни аргументи за својата теза дека, во овој средишен град на Балканот, низ кој минувале и запирале императори, се спротивставувале цивилизаторски, верски, идеолошки доктрини, сепак, во крајна линија, се напластиле и силни наноси на толерантност и на човечност кои остануваат кај одделни избраници.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Како некогашен дипломец по правни науки и исламска филозофија на Цариградскиот универзитет, Татко и во доменот на заедничките турцизми на Балканот наоѓаше аргументи за својата теза дека христијанската и муслиманската вера покрај противречностите коишто ги содржат една спрема друга, како источни религии почивајќи врз источниот мистицизам заземале дистанциран став кон западниот начин на мислење и претставата за светот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И кога тој го слушаше Климент Камилски како со одбрани патетични зборови зборува дека постои книга која треба да биде центар на библиотеката во систем околу кој гравитираат значењата на другите книги, како книга во другите книги, тој во себе наоѓаше убедлива потврда за моќта на својата теза за посебноста на секој поредок книги во сечија библиотека.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мистериозниот Транк Спироберг, со своите тези за поддржување на природниот јазик како антитеза на вештачкиот, се разбира, и тој ќе придобие свои приврзаници меѓу тогашните угледни лингвисти.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Таа своја теза Moravec ја поврзува со фактот дека за роботите што се способни за гледање би морале одредени компјутерски системи да извршат милијарда пресметувачки операции во секунда, што е моќта на супер компјутерот Cray 2.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Авторот тука предупредува на големата комплексност на човековите вештини поврзани со сетилното осознавање и просторната ориентација, кои што зад себе имаат долг развоен пат и недвојбено е потешко машински да се симулираат како некои рационални операции, кои што, така вели Moravec, течат и во оние делови на мозокот, кои што не се посебно високо организирани.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Односот кон анималниот свет ќе го доведува човека да се однесува како кон жртвуваните животни и кон блиските од својот човечки сој.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За доказ на својата теза во интимното друштво, во залезните години на животот, кога луцидноста не го изневеруваше, Бургиба им ја читаше на убаво негован француски јазик на свои пријатели и познати политички државници кои го сакаа и почитува, поемата на Алфред де Вињи Смртта на волкот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За доказ на својата теза ги земаше крвавите пресметки на комунистите со свештениците од речиси сите вери.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко, слушајќи го ова од Игора Лозински, добиваше нов доказ за својата теза дека империите се допираат во екстремните потези, во големите грешки, кога цената на поразот треба да се плаќа со невините животи на жртвуваните. Така би со сите империи на Балканот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Дури потоа следи крајниот впечаток - завршува мојот млад пријател со восхитувачкиот пробир на аргументи за својата теза.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)