свој (прид.) - тежина (имн.)

Баба ми вели - Секоја планина своја тежина.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
По кратка пауза брзо ја спушти својата тежина на плочата и ја здроби.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Рачката со иглата пак се подигна, застана, и брзо падна здробувајќи ја плочата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Рачката со иглата се помести на многу висока позиција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Го симна стапот од половината и го исправи пред себе; левата дланка ја положи врз врвот негов, десната врз неа, па откако ја отпушти врз стапот и целата своја тежина, кусо изговори: Толку, ако не е повеќе сол, Арслан бег, ќе си најдеш на чифлигот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Има една наша поговорка: „Секоја планина своја тежина“ — вие преку лето работате без почивка, а ние пак во Америка секогаш работиме по осум саати во денот, ама во тие осум саати што ќе ги работиш на фабрика, без сонце да те грее, без ветарче да те удри, за секунд да не можеш рацете да ги отпочинеш, умот тука! оти инаку машината ќе ти ги отсече рацете, имаме друга тежина.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„На секое моме може да му се случи!“ посакав да речам но одмавнав со раката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели е речено дека секоја планина си ја носи својата тежина: и поголемата, и помалата“, се обидов да ги корегирам сфаќањата на мојата поубава половина. (А сето време потплукнував, скраја да е од нас).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Уште кога се разбудив помислив дека овој ден долго ќе трае – објаснуваше Иван со глас што се труди да се дистанцира од болката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Времето што изминува секој го мери според своите тежини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Барем таквата неволја да не одмине!“ - реков на глас!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Маката на другиот изгледа помала, како што вели еден од луѓето овде. Секоја планина си ја носи својата тежина”.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И никој, а поготово неговиот приј. слик. не очекуваше ништо ново.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но ненадејно, едно утро, будејќи се он го виде Фјодора пред себе како со сета своја тежина гази врз подот. Моќен е и дебел и вистински Фјодор е тоа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сепак Карамба-Барамба беше среќен.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Станав од земјата ослободувајќи ја полека сенката од својата тежина.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Три бели пласта, распоредни еден над друг, зависно од својата тежина, се слеваа во еднолична маса.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Онемени излегуваме тивко, носејќи го со нас чувството на осаменост кое со сета своја тежина легна и врз нашите срца и ни се причинува дека некој јачи, вика, повикува, моли...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На чудесен начин сум ослободен од својата тежина, можеби сум веќе во некој друг свет без сомневања и без прастарата човекова навика со зло да го одржува животот на својата крв.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И покрај тоа што залаците ги земаше во грамови не успеа да намали од својата тежина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А тоа веќе беше доволно за да го почувствувате стравот во сета своја тежина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Некакви конци со кои бил врзан за својата неподвижност за железниот кревет (на нив има само стар, глекав душек и измитарено веленце), се инати тој , ослободен дури и од својата тежина, се исправа и по мрак, и самиот од мрак со грутки стврднат мрак во грлото, се обидува да го искрши катинарот на вратата од забранетата одаја и никако не успева.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На чудесен начин сум ослободен од својата тежина, можеби сум веќе во некој друг свет без сомнение и без прастарата човечка навика со зло да го одржува во животот на својата крв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со широко отворена уста се шеташе по испотените гради, барајќи погодно место за да гризне, но Ниротакис високо се крена над неа и, оставајќи ја како зината мренка штотуку извадена на суво, сета своја тежина ја втурна во широко отвореното тело меѓу нозете на Деница.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Вистина било - Секоја планина - своја тежина! ама оваа планина за сите си има иста тежина...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Секоја планина - своја тежина!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Секоја планина - своја тежина! Ама нив ги сплотува една планина и едно езеро.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Миша ме притискаше со сета своја тежина.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Немавме друг излез! – Секое време си има свои тежини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сепак постои кај нас еден така да речам убав збор: секоја планина си ја знае својата тежина“, велам јас и веднаш замолчувам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Извињајус“, додавам и го оставам среде масата шишето.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
12 На состанокот го прифатија предлогот на Нина новата рубрика на паното да е под наслов „СЕКОЈА ПЛАНИНА -СВОЈА ТЕЖИНА!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„На паното ќе отвориме нова колона и ќе ја наречеме- Секоја планина - своја тежина! - и таму ќе ги објавуваме добиените писма.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ќе речете - немам проблеми со аерозагадувањето - ама - Секоја планина - своја тежина!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ќе биде интересно да се споредиме, старите велат: Секоја планина - своја тежина!“ заклучи Томе.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Сево што го разгледавме да се објави во новата рубрика - СЕКОЈА ПЛАНИНА - СВОЈА ТЕЖИНА - се разбира, во скратена форма, а исечокот од „Колибри“, целосно да се истакне“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)