свој (прид.) - творештво (имн.)

И покрај свесната американизација и комплетното приопштување и реализирање во американската средина, Христов го задржал својот етнички импулс и со своето творештво полифомски и трајно се врзал за Македонија и дијаспората.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во педесеттите и шеесеттите години Хичкок се наоѓаше на врвот од своето творештво и својот успех.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И покрај внатрешниот немир, а веројатно и грижата на совест поради напуштањето на своето татково огниште и поради избегнувањето да земе активна улога во акциите за самобитноста на Македонија, Христов со своето творештво, кое од алфа до омега е поврзано со Македонија и дијаспората, гради свој морален интегритет во својата втора „посвоена“ татковина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Оваа состојба почнува ненајавено и ненадејно во вид на восхитеност, блаженство и екстаза од животот на обичните луѓе, преплавено со блесоци на убавина, љубов, духовно - сексуално искуство, совршенство, стравопочитување, естетско или креативно чудење, увид или визионерско доживување, како што во своето творештво го соопштува, да кажеме, Вилијам Блејк (William Blake).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)