свој (прид.) - творец (имн.)

Помолча отец Иларион, отпива од виното и продолжи: - Свети Јован Златоуст вели дека душата човечка е дух умен, беспримерна и неописива убавина, самовласна, света, суштина сродна со небеските и бестелесните битија, вечна, бесмртна; слична на бога, зашто го носи ликот на својот Творец. А животните таква душа немаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Коњаникот со куси нозе слепо го гледаше својот творец, тој нов бог што не го започнува раѓањето на новото човештво од кал туку од суво јасеново дрво со еден Адам без Ева, првенец од кога утре ќе жугне кентавр, човек-коњ, но во затворен кесон низ кој не пробива ни вода ни човечко толкување за она што ќе се случи подоцна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Уметноста, која не го спасува својот творец, својот создавач во тежок миг, - уметност ли е тоа?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Прашањава звучат празно, бидејќи имаме работа со еден горостас на модерната литература, но тие можат да фрлат малку светлина на прашањето за Борхесовата несреќа, како и на конечното прашање за Борхесовиот придонес кон хиспанската и светска литература. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 212
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дали стремежот на синот бил ист како оној на таткото?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И, со тоа што ги остварил стремежите на татка си, дали синот ги оневозможил сопствените?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но може ли литературата - потфат чијашто цел е да го обликува внатрешното гледање на својот творец - да биде пренесувана од татко на син?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)