свој (прид.) - тајфа (имн.)

Ја радуваа гласовите на децата што шепотеа меѓу себе, отсечните одговори на некои од наставниците, а најмногу ја смируваше грлениот глас на Танаско кој е тука со целата своја тајфа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но за секој случај испрати двајца од своите сејмени напред да извршат извидување и да му донесат извештај до карпата каде што се задржа со целата своја тајфа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А што се случило ноќта: качакот Зенула се обидел да влезе во куќата со својата тајфа и да пљачкосува. Во пукањето Маруш го погодил некого.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Па дури и тогаш кога дошол со својата тајфа за да ѝ направи серенада пеејќи ѝ ја песната за несреќната Рајна Коцева, таа и самата не го сфатила најсериозно, иако зборовите, што ѝ ги испраќал преку песната, Рајна, самата ми го призна тоа, втасувале дури и до нејзиното срце.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)