свој (прид.) - талент (имн.)

Америка е можеби единствена земја каде што навистина можеш да го продадеш својот талент.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но, Америка не е Њујорк.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но, луѓе, да не се залажуваме. Може ли некој да го одбере својот талент.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Идејата е дека философите, литерарните критичари, правниците, историчарите, и другите кои се добри во правењето дистинкции, во преопишувањето и реконтекстуализирањето, можат да го стават во употреба својот талент „изложувајќи“ ги или „демистифицирајќа“ ги присутните општествени практики.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Со бесна вчудоневиденост тој заклучува дека учените луѓе од неговото време престануваат да се интересираат за непроменливите вредности, за целиот свој талент и углед да ги стават во служба на локалниот дух, да го поттикнат она што е ексклузивно, да ја ободрат својата нација да се затвори самата во себе, самата на себеси да си се поклони, и со „својот јазик, уметност, филозофија, цивилизација, со својата ‘култура’, да се постави наспроти сите други“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Уметникот од работничка класа беше принуден да парадира со своите таленти, како паун со дречлива лепеза, и да подлетнува сè дури не се распарталат прекрасните перја како обични стари крпи.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во извесна смисла, тоа беше самоодбрана кога Англичаните тврдеа дека Хичкок се продал за материјалните богатства на Америка, дека ги исекол своите корени и така го уништил својот талент.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Можев да го опишам Њујорк, распоредот на театрите и големите продавници.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Гразда Таки, познат по својот талент за странски јазици, а и поради својот бизнис во Грција, зборуваше со него на грчки јазик.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Професорот Нико ме научи на човечки пристап кон другарите, кон луѓето, ми помагаше да го развијам својот талент за цртање, што подоцна, во животната борба ќе ми биде од голема полза...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Единственото место каде навистина можете да го продадете својот талент.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)