Заведен од духовитоста и афоризмите, читателот е поласкан да присуствува на едно вакво општо дрдорење.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Оваа техника, во својата суштина чудно наликува на натуралистичка фикција: отстранувањето на сите стилови поради чистотата на стилот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Вистина, Били Нејм направи нешто повеќе од само печатар ските корекции (вклучувајќи ја и новелата “а”), но Хакет и Коласело заслужуваат многу поголемо признание за нивната работа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сите тие политики својата суштина ја пронаоѓаа во „конечното” остварување на одамна загубената државност, а „визијата” на општествената форма на таа државност завршуваше во некоја народно-задружна, племенска, средновековна форма на живот на една нераслоена народна заедница.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Доживувањето поттикнато со дроги може да биде интересно за психологијата и психијатријата и некои сродни науки, бидејќи потекнува од некои длабоки и тешко достапни предели на човековата душа, но има помало значење за уметничкото творештво, кое во својата суштина е спонтан и автентичен, длабоко човечки акт.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Но немаше одење назад: зборот ги водеше низ различните епохи, приспособувајќи го своето значење, но никогаш не менувајќи ја својата суштина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Една од неговите постојани мисли која му се вртеше во главата и која на Татко постојано му ја кажуваше во различни варијанти беше дека секоја европска цивилизација во својата суштина била заснована врз свирепост, злосторства, варварство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сѐ, дури и неговиот живот, сега излегуваше на една сосема нова, обесмислена чистина, губејќи ги сите свои суштини и останувајќи само празно, попусто талкање, кога ќе се обидеше да си го замисли макар и само тивкото брмчење на човечкиот разговор во некоја квечерина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
33 Измената на чл. 213-б која претходно регулираше дека сите 9 члена на Комисијата се избираат по предлог на Владата, а синдикатите и асоцијациите на работодавачите имаат право да определат свој претставник кој само ќе присуствува на работата, е директна консеквенца на Одлука У.бр. 263/2009 на Уставниот суд, кој нотира дека во ваков случај „одлуките за изборот донесени во Комисијата по својата суштина не би биле одраз на објективизиран пристап во одлучувањето на социјалните партнери во трипартитниот однос во економско-социјалната сфера во општеството“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Меѓу другото, Спиноза го отфрла оптимизмот на Декарт спрема моќта за овладување со телото; на телото му доделува сопствен динамизам, односно стремеж кон зачувување на сопствената егзистенција.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Додека Декарт она когито го здоби со отуѓување на телото (перцепцијата, емоциите) од својата суштина, Спиноза тврди спротивно, дека свеста е свест на телото и дека индивидуалната свест и „индивидуалното“ тело се едно нешто, само различно разбрано.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Така на пример, Тома Аквински го застапува мислењето дека телото не е составен дел на душата, но душата по својата суштина е наклонета кон соединување со телото.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во христијанската догма, особено во учењата на Свети Августин и Тома Аквински, се избираат оние елементи на Аристотеловото учење кои одат во прилог на величење на бесмртноста на душата, а телото го сметаат за пасивно и инертно.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во својата суштина и во нашата стварност тој отсекогаш бил роден, иако непризнаен Загрепчанец.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Димензијата на актот како таков, актот на негација, за Лакан во својата суштина е женска.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Но, веќе покажавме дека предметот на грабање во својата суштина отсекогаш и бил предодреден за тоа, дека фината загрепска девојка и суровиот херцеговски провинцијалец се токму идеален пар.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
(...) Човекот што јас го предлагам создаден е однадвор, и тој по својата суштина дури е неавтентичен, бидејќи веќе не е оној кој е, и одреден е со обликот кој се раѓа меѓу луѓето.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Делото не ви кажува директно ништо конкретно за себе, но сепак постепено ви ја открива својата суштина.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)