Бев инфициран со енергија од вампирско револуционерен карактер.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Да бидеш суров, против една суровост, со која сѐ уште не си стасал да се фатиш в гуша и да ги одмериш силите, да ја изостриш својата суровост во себе до секавична острина и да бидеш постојано буден против неочекуваното, ненадејното.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Бидејќи системот постепено ги поништува сите свои аксиоми и сите свои институции и постепено ги остварува сите цели на историската и револуционерна левица, оваа е приморана да ги обновува сите механизми на капиталот за да може еден ден да ги освои: од приватната сопственост до малото претпријатие, од армијата до националната величина, од пуританскиот морал до малограѓанската култура, од okno.mk | Margina #8-9 [1994] 17 правдата до универзитетот - сѐ треба да се сочува од она што се губи и исчезнува, од она што самиот систем, во својата суровост, се сложуваме, но и по својот иреверзибилен импулс, го ликвидирал.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Бев бескрупулозен. Со својата суровост и крволочност се обидував да корумпирам и узурпирам.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Никогаш не ги премолчуваше своите минати, па и сегашни гревови, својата суровост кон браќата свои, која, иако беше дел од неговиот претходен живот, сепак остана дел од него самиот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но затоа, се постигнува другата творечка цел: војната да биде одсликана со сета своја суровост и безмисленост.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)