свој (прид.) - судбина (имн.)

Тој длабоко во себе имаше големо и природно разбирање за козарите со кои сега, со купената коза, ја обедини својата судбина, судбината на семејството.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Велеше оти секој си има своја судбина, па беше согла­сен децата да се викаат Лав (Љуан), Светлина (Дрита), Волја (Вулнет), Желба (Урим)...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дали во белината зголемена со отсјајот на 16-те пара, доведени до совршена глупост преку квантум каналот, ја виде насоката на својата судбина?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Затоа уметникот самиот ја одредува својата судбина.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Размислував уште, додека се оддалечував од реката, од големиот плоштад, дека Татко никогаш во животот не ни го наложуваше својот авторитет, својата судбина, како можна, патријархална парадигма што треба да се следи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко беше учител на својата судбина, колку и да му беше самата таа учител.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Одново ја почувствува сета горчина на својата судбина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И тешко ќе може да се најде замена за тие зборови кои имаат свој век и своја судбина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Да му се довери на некој друг работата на желбата, верувањето, љубовта, одлучувањето - не значи одрекување, туку тоа е стратегија: правејќи ја од него својата судбина, вие оттаму ја црпите најпрофинетата енергија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога одлучи во зенитот на својата младост да го напушти Цариград, најчесто доаѓаше во храмот, небаре потсвесно да си ја види сликата на својата судбина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ние самите сме ковачи на својата судбина". (Ова е онаа втора порака, што ми се насмевнува од темнината...) Знам, ќе си заминам и тоа речиси пеш од таа изодена приказна на мојата младост, а малку понесов како утеха и како искуство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На што ли ќе личат кога ќе се појават на чистинката низ која води изгазена јасна патека?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ми личат на чуденки кои заскитале по патеки што водат низ ормани, честари, гори!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А и сознанијата до кои божем доаѓам не поминуваат без многу прашалници.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И навистина: Луција од мене бараше да бидам циркузант не затоа што таа, туку нејзината Партија го сакаше тоа; Ина бараше од мене да бидам кловн (со видлива дарба за еквилибристика) не затоа што тоа ќе ѝ донесеше поени во циркусот, туку затоа што таа уживаше во моите глупости; се смееше како никогаш ниедна жена на светот; се смееше како што Луција, мојата Луција никогаш не се смеела, не се смее, и ниту не ќе се смее, иако според својата судбина требала да се смее, што не би можело да се рече за судбината на Ина; и јас реков: „Со задоволство, Ина. Со задоволство ќе го сторам тоа.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Уверен во лошите зборови, длабоко е убеден во печатот на својата судбина.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На прагот од крајот на граѓанската војна во Грција, обележан со ужасниот пораз, заедно со сопругата Дитта, поттикнати од загрозата на помислата дека времето со текот се брише, се охрабривме да појдеме на пат со времето што одмина и, носејќи ја со себе и својата судбина и бележењата од живите искази на повеќе учесници во настаните и случувањата, тргнавме уште еднаш да ги изврвиме патиштата на нашето искоренување и раселување.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Да се биде луд, значи да се биде самата своја судбина, без доживување на себе како Јас. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оние кои ја изгубиле врската со реалноста, не ја промислуваат својата судбина, тие едноставно ја живеат, тие се самата судбина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа болка се спуштила и на усните на детето, и на гестот на неговите раце – едната ја ставило високо на градите, над срцето, а со прстињата од другата се држи за палецот на мајка си, и како да покажува со показалецот надолу.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На ликот на детето трепереше тага – полузатворените очи не гледаа со поглед на дете, туку на некој кој видел многу повеќе од детство: тоа беше поглед упатен не пред себе, туку кон некоја голема болка, кон некој страотен губиток – како тоа дете да ја насетуваше својата судбина, и разделбата со онаа која во тој миг толку мирно и заштитнички стои зад него, и која, многу години подоцна, покрај крстот, и самата ќе биде во очај, затоа што ништо нема да може да стори против разделбата и против губитокот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа болка се спуштила и на усните на детето, и на гестот на неговите раце – едната ја ставило високо на градите, над срцето, а со прстињата од другата се држи за палецот на мајка си, и како да покажува со показалецот надолу.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Просторијата во која ги носеа оние жители на Гнездо за кои се очекуваше наскоро да умрат, ја викавме „Соба за умирање“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повторно, по толку години, се сретнав со онаа тага на ликот на детето – полузатворените очи кои не гледаа со поглед на дете, туку на некој кој видел многу повеќе од детство: тоа е поглед упатен не пред себе, туку кон некоја голема болка, кон некој страотен губиток – како тоа дете да ја насетува својата судбина, и разделбата со онаа која во тој миг толку мирно и заштитнички стои зад него, и која, многу години подоцна, покрај крстот, и самата ќе биде во очај, затоа што ништо нема да може да стори против разделбата и против губитокот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Влегувала и со часови не излегувала. Дали молитвела, дали коленичела, дали липала и ја оплакувала својата судбина, никој не знаеше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во записот ја опишал својата судбина и го оставил аманетот, што во тој суден час и суден ден го прочитал (доведен од судбината) умниот и учен гостин од Индија, за да го одведе нашиот другар истиот ден и истиот час во палатите дедови, во одаите царски.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Врските наши со Бугарите станаа многу тесни со општа положба во Турција: ние бевме браќа по својата судбина и бевме во еднакви односи кон владата и фанариотското духовенство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Уште една паралела со историјата на Србија: да беше Србија незадоволна од својата судбина во државата на Немањиќевците, таа ќе правеше обид да се ослободи и да им се спротивстави ним со стремежот да се присоедини кон Бугарија; но обидот ќе беше направен и ќе доведеше до саканите резултати само ако дозволуваа историските околности; но последниве не го дозволија тоа и Србија се помири со околностите и беше загубена за Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Среде тој бескраен спор помеѓу двата братски соседни народа македонското словенско население, заради кое тие се караат, малце по малце зрее во националното самосознание и сака да се ослободи од покровителството на соседните народи за да може само да си биде вршител на своите судбини.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога за ова прашање дискутираше со своите пријатели од младоста, во еден друг систем на верувања, дискусиите беа жешки, но се чинеше како сите да се согласуваат дека секој е кројач на својата судбина и искрено веруваа дека нивните животи ќе бидат токму онакви какви што тие ќе ги направат.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но најчудно беше тоа што гледајќи ја, така заробен во униформата како во оклоп на својата судбина, маслинестозелен дури и во лицето, тој воопшто не беше изненаден од нејзината исповед.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ко ковач на својата судбина, од воодушевување до обвинување. Kопнеам по романтични чувства, со глазура од сенките на непобитноста, крадец, на убавите соништа и доблести, што животот го прават убав...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Во старечките очи залеани со солзен сјај, Глигор ја гледаше својата судбина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо ја префрлаше во себе мислата узреана отскоро во него: треба да остане и ќе остане само оној што ја менува својата судбина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глигор будно ги следеше како гаснат шумовите и потоа се вовлекуваше под одарот на Арсо и со упорност на кртица ја прегризуваше пречката што го држеше апсанџискиот свет откинат од онаа слободна широчина во којашто луѓето ја заплеткале својата судбина во нечии мрежи и ги кинат полни со верба дека има избавување и дека сето тоа е можно да се постигне. Да се излезе од овие ѕидишта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа е сè што може човек да забележи гледајќи ги стеблата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По смртта на сликарот Столпник, во неговата куќа луѓето ја најдоа последната негова слика: неколку муренкови стебла излезени заедно од земјата од еден ист корен, од едно исто 'ртиште и плодиште; додека излегувале од земјта, си давале сила едно на друго, си помагале, а потоа секое на својата судбина се препуштало: едното: напинајќи и грабајќи ја лакомо височината, се истенчило, се искривило, како змија фатена за опашка; гранките му откажале во овој тежок напор да го следат, и тоа, полека, болно, се превиткува надолу и тоне со главата кон земјата; под вратот има заглавено висока потпирачка со чатал што не му дава да се скрши и струполи на земјата; но сето тоа е така болно и тажно штом тоа самото не може без потпирачка да се додржи; другото: робувајќи им уште од излегувањето од земјата на многуте фиданки што лакомо наудриле од него како човек со многу пород, и грижејќи се за нив да порастат, да се здебелат и рашират, постепено станало нивна жртва; тие, не мислејќи на него, се туркаат меѓу себе, грабаат од просторот, се надвишуваат меѓу себе, не водејќи сметка дека еден ден од тежина или од силен ветар, ќе се струполат заедно со тоа мајчинско стебло што им дало живот и повеќе никогаш не ќе кренат глава: ќе умираат постепено и ќе се сушат на урнатиот стеблак; трето: или по сој или така му бил благословот: кога му дошло време за плодење како господ да му се распашал: преполно е и се крши од плодови; капи благ сок од муренките како на доилка кога ќе ѝ надојде млекото; пониските гранки од тежина се спуштаат до земјата и се потпираат да си го намалат бремето; четврто: уште од раѓањето анемично - и до крајот на животот анемично; што можеле другите да му помогнат, му помогнале долу под земјата во времето на 'ртењето и пуштањето на корења; а згора: секое со својата среќа и судбина живее, како птиците кога ќе пркнат и ќе го напуштат седелото; околу него има мала оградичка од штички што го штити да не се чеша стоката од него или да го гризе; кога еден ден ќе се исуши, ќе остане така заградено со штичките како споменик: ако од него избијат нови фиданки, тоа ќе бидат посмртчиња кои одново ќе започнат борба за живот; петто: препуштено е на судбината и на бога: здраво-прездраво е родено, пркнато над земјата, а веќе едната половина му се суши; стои како човек парализиран на кого само едната половина му е подвижна; прави напор да расте и да ја влече со себе и другата половина што му стои како мртовец врзан за плеќи; најтешко му било првите години додека свикнало на тој напор и на тоа проклетство а сега просто ѝ е препуштено на судбината; она шестото, седмото, осмото, што откако излегле од земјата, помислиле дека сè можат и сè е нивно, живеат двоен живот; двојна среќа имаат: на едни сè им е едно во кој правец ќе се развиваат: нагоре, надолу или настрана; не размислуваат ни како да ја оформат својата крошна за подобро да се заштитат од ветриштата и снеговите; не се грижат и не размислуваат дали некој пред смртта ќе им стави потпирачка под мишките или вратот за да не се струполат притиснати од својата негрижа, или дали по својата смрт ќе остават потомство; се шират и живеат како што милуваат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Потоа, во еден петок, скоро во ист миг умрел тешко ранетиот Метуш Батковец и се родил неговиот прв и последен син да ја продолжи лозата со името на таткото, а по закопот, го подгониле на суд Цене Папчев со незараснатата рана на слабината, додека Чучук-Андреј неколку дни пред тоа пошол накуцувајќи и со пушка и кубура по трагите на Онисифоровата ајдутска дружина, да ѝ се придружи негде, да се одмаздува и да ѝ се колне на својата судбина дека не ќе се смири додека не зацрни толку анами колку што имало вдовици во Кукулино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пак се склопчал на своето сиротинско легло многу потешко поднесувајќи ја предмугрената свежест буден.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Жените ја пожалиле и ѝ се вратиле на својата болка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не бил сигурен, подоцна само претпоставувал дека непогрешно го сонил она што ќе се случи во новиот ден: најпрвин, по сончевиот изгрев, го нашле, пред тоа, во ноќта, заборавен на носилка исцерителот Пандил Димулев, тој пријател на билје и треви; најверојатно дека безгласно починал од вчерашната рана помеѓу срцето и левата страна на стомакот, а потоа другиот тревар, откако го исплакал својот пријател со солзи што можел да ги пролее и над својата судбина, веќе видливо исушен и потемнет, легнал на неговата носилка и ѝ се предал на болештината, веднаш сите да видат дека се сушат и потемнуваат во лицата, и Самуил Пендуш, и Сандре Самарија, па некој (во неговиот сон, потоа во стварноста) барал да појде гласник по селата крај кои ќе минуваат, умните да оставаат на патот лук и ракија, за нив, и сено за воловите, инаку сами ќе атакуваат и ќе грабаат со темна можност да им ја донесат на домаќините, како гостинка, чумата што уште пред да го закопаат едниот тревар го однела другиот: два гроба еден крај друг, плитки и покриени со тврди грутки, крст до крст со шубари на вертикалниот крак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога не успеа, ја дигна главата кон скоро излезената месечина и болно почна да завива, како да му се поплакува на својата судбина на тој студен, далечен лик.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се смее акробатот, пропаднатиот акробат, а смеејќи ти се ѝ се смее и на својата судбина. - Овде те држат од милосливост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тромаво, слепо коњче рамнодушно ја влече преку улицата својата судбина - стара кола, призрачна и немила како и секој затвор.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Немаше излез. Се препушти на својата судбина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Е, тоа е тоа! Честопати во животот времето и луѓето ги кројат нашите судбини, - се сложи Снеже, мислејќи на својата судбина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уште една ноќ по којзнае кој пат ја раздиплуваше чергата на својата судбина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Не!“ викна Роза и побегна во куќата водена од точното претчувство за неизбежноста на својата судбина; го слушам ѕвечкањето на синџирчето со коешто таа ја заклучува вратата; слушам како штракна бравата; ја гледам како уште во ходникот, а потоа јурејќи и низ останатите соби, ги гаси сите светилки за да не ја пронајде никој.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така течеше мирниот живот на човекот, кој со четирите стотки плата умееше да биде задоволен од својата судбина, и ќе му дотечеше можеби и до длабока старост, да ги немаше разните неволи, истурени на животниот пат не само на титуларните, туку дури и на тајните и вистинските, дворските и секакви други советници, дури и на оние кои никому не даваат совети и самите од никого не примаат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но и тоа трае само за миг, всушност, како непосредно пред мојата порта да се отвора дворот на мојот болен пациент, веќе стигнав таму; коњите стојат мирно; снегот престана да паѓа, околу мене месечевата светлина; родителите на болниот итаат низ куќата; сестра му по нив; речиси ме креваат од колата; од нивните збркани зборови не можам ништо да разберам; во собата на болниот воздухот одвај може да се дише.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во двата случаи, имено, луѓето трпат огромно развластување: во име на нивната најдлабока суштина тие стануваат лишени од правото на било какво располагање со своите судбини; расата или културата се вистината чии што се тие носители наспроти својата волја, вистината која ја обезвреднува нивната свесна желба.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Пред да се сожалам над својата судбина, ја избришав застрашувачката слика од свеста.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
За другиот можеше да се рече дека е само дебел и тромав.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А се разликува само по својата судбина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Секој си има своја судбина, секој оставаме свој животраг.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кој ќе го напушти историскиот процес, штитејќи ја својата „загрозена” судбина, ни покажува дека тој самиот историскиот процес не го разбира како своја судбина, и дека таа негова „судбина” е фикција а „историјата” една марионетска пракса, затворен круг на таа фикција.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој не сака да ја доживее судбината на Че Гевара, тој има своја судбина која сака да ја раководи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во текот на моите дипломатски години се најдов во Типаза и Картагина, двата доминантни топоса на медитеранските екстази и историските негации кои се во генезата на филозофијата на апсурдот во универзумот на Албер Ками.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се обидував, да ја споредам својата судбина на балканскиот дел на Медитеранот, на Охридското Езеро, како негов некогашен дел со камиевската во потрагата по енигмите на природата и забрзаните одговори на историјата, посебно балканската историја, како и реакциите на големите поети на светот, кои овде ќе минат неколку рајски денови(Андре Френо)...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогаш им се разминаа патиштата. Секој си замина по патот на својата судбина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во есента 1967 година, започнува војна за ослободување на окупираните територии и тој таму ќе се најде.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Му се случуваше омилената латинска поговорка дека секоја книга има своја судбина. Оваа посебно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа Камилски го претстави изборот на приоритетните турцизми според меѓусебниот договор, запирајќи на потеклото, на поранешната и сегашната присутност во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко во својата судбина ги чувствуваше и изразитите парадокси од судбината на својот албански народ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но Климент Камилски најголемата благодарност и восхит му ги должеше на Андре Мазон, кој ја беше утврдил посебноста на македонскиот јазик, близок до српскиот и бугарскиот, но различен од обата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од восхитот со кој му зборуваше Камилски на Татко за руските класици на литературата, најмногу откривани од читањето за нив во делата на Андре Мазон, Татко можеше да утврди лесно од каде потекнуваше прорусизмот на неговиот пријател, кој подоцна, продолжувајќи во просоветизмот својата судбина ја насука во сталинизмот, што можеше да го чини глава на Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко во еден период, кога го оддалечија од Државниот архив, за кој ја врза својата судбина, започна фаталистички да ги проучува лавиринтите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секој збор има своја историја, своја судбина...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секое цвеќе и секој човек имаат своја судбина, и само така ќе има ја запознаеш убавината.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога не успеа, ја дигна главата кон скоро излезената месечина и болно почна да завива, како да му се поплакува за својата судбина на тој студен, далечен лик.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мораше да замине по својата судбина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Секоја книга во Татковата библиотека имаше своја историја, но и своја судбина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тие овде си ја загнездија својата судбина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но и тоа е ограничување на слободата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Напротив, вообичаениот одговор е: сега сум помудар, сега подобро господарам со својата судбина.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сѐ што живееше имаше своја судбина и требаше да живее, а војна беше и животот беше поевтин од неколку грама олово.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Животот покажа дека секоја книга во татковата библиотека имаше своја судбина, недовршена.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Требаше да си биде и адвокат на својата судбина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ќе ја следи својата судбина низ патот на јагулите. Се составуваше малата донкихотска дружба на Балканот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Му беше јасно дека човек ја носи секогаш во себе сета своја судбина во која се впишани и сите можни граници и излезите од нив.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко и Игор Лозински остануваа сигурно единствените балкански утописти кои беа готови да го следат патот на јагулите низ водениот дел на планетата, поврзувајќи си ги и своите судбини.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Потем, секој ќе се препушти на својата судбина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Го фасцинираше ова согласје на анималниот свет и човекот, барајќи излез за својата судбина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И еве сега, овој Рус од големите далечини со својата судбина уште еднаш силно ги разбрани татковите мисли, надежи уште посилно да се вдаде во следење на патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Од мислите го прекина гласот на Гури Порадеци: - Заминавте, но и се осудивте на невраќање. Секој со својата судбина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Животот покажуваше дека секоја книга има своја судбина, недовршена.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Ми се чини дека сешто се случува во времето на соништата “констатирала Мис Стон мислејќи веројатно на својата судбина но и на положбата во која тие се наоѓаат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Знаеш, секој камен си има своја судбина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Бошко се врати дома проколнувајќи ја својата судбина која го доведе до ова да постапува како што не сакал и да прави што не е за правење.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Господе, зар мора човек, за да е сигурен дека живее, постојано да е фатен во костец со својата судбина?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ете, тоа е таа моја вечна несреќа: Ништо посебно не се случува а јас сепак работите ги доживувам како зголемени непријатни слики и тоа не само некогаш, туку постојано, и таквите глетки од утро до мрак ме потресуваат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не би ми пречело кога би го убил моето тело, бидејќи мојот дух конечно би ја исполнил својата судбина.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Да му се довери на некој друг работата на сакањето, верувањето, љубовта, одлучувањето не значи откажување, туку стратегија: правејќи од него своја судбина, вие оттаму црпите најпрефинета енергија.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Толку е почовечки да се предаде својата судбина, својата желба, својата волја во рацете на некој друг. 68 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Пред смртниот час можеби ќе се пронајдам и ќе надвиснам над темното огледало на својата судбина за да го побарам сопствениот лик, а во огледалото ќе ја видам судбината на волшебникот, чиста, целосна, исполнета, нескршлива.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Душевниот немир, копањето по болните спомени и лудилото во овие часови на очај поради човечката злоба и пакост ме враќа во галеријата кај сликите на болната и брутална вистина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Велеше: сè што имав да речам – си го реков себеси, право е на другите да си молчат за својата судбина...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Не бев начисто со што се заслужува една ваква читателка со голема душа и големо срце, која ретко, многу ретко се појавува во животот на еден писател.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Читателот во вашата земја не е обичен потрошувач на книжевните добра, туку е субјект.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Заклучокот е дека разликите се мали доколку не им се пристапува од гледиштата на вкоренетите предрасуди, а Европа не може да побегне од балканскиот дел на својата судбина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но секој со својата судбина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Една латинска поговорка вели дека книгата има своја судбина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Британските дипломатски претставници го известите Форин офис за позитивниот бугарски став во однос на формираната македонска држава и дека тие не биле заинтересирани за анектирање на Македонија, нагласувајќи дека Бугарите стоеле на ставот дека Македонците треба сами да одлучат за својата судбина.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Таквиот однос на бугарските официјални кругови кон Македонија им давал можност на британските аналитичари да заклучат дека би можело да се случи "југословенско-македонските партизани да полагаат право на делови од пред 1941 година на грчка, бугарска и албанска територија за нивната Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Е, мој Кара, мој Кара,- оплакувајќи си ја својата судбина Цвик го нарече на прекар татко си Перо, - што не научиш нешто паметно од другар ти Миро?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој веќе го учеше синот на Тајкота на изработување хороскопи и кога Сандри му рече еднаш дека чувствува како и цвеќето, и дрвјата, можат да имаат своја судбина одредена од ѕвездите, тој полетно се согласи како презадоволен учител со својот надарен ученик.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)