свој (прид.) - судба (имн.)

А секогаш, кога ќе се изнајдеа некаде повеќе луѓе, и кога сите тие ќе почнеа да прикажуваат за своите доживувања некогаш, некаде, тој место да раскажува за себе и за своите денови, им ги прераскажуваше ним оние романи, на тој начин одбегнувајќи ни тука да не остави нешто свое, откажувајќи се на тој начин уште еднаш и од својот живот и од својата судба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Секој збор да има свој одглас своја судба, свое кат-чество!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сиот опфатен од тоа ужасно бреме, Језекил правеше сѐ за да го победи, секогаш постојано живеејќи со надешта дека еднаш и тоа ќе пројде, дека и тоа ќе се заборави и дека ќе си му се врати нему пак онаа пргавост од некогаш, со која што тој еднаш можеше да помине и по најтенката талпа на највисокото скеле, без да трепне со очите, дека сево ова во него е само уште една проклета шега, дека и нему ќе му се насмее еднаш еден син ден, сѐ до една случка, која го исфрли од височината на скелето како партал, не водејќи притоа сметка за ништо, ни за неговите соништа, ни за неговото детство, а сепак, дури и благодарен што успеал да си ги донесе оттаму на земјата цело и своето пониско рамо, и својата судба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тука пред прагот, во дворот, па дури и на другиот крај на постелата на пространиот француски кревет, на чии страници од жолт месинг секоја вечер како во огледало ја гледаше својата судба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)