свој (прид.) - студент (имн.)

Всушност, се работи за основното место што за него го имал чинот на предавањето, не само заради тоа што тој сакал да зборува и да убедува и затоа што неговата харизма била голема, туку, како што пишу­ва неговиот биограф, “предавањето беше суштинска компонента на неговата волја за проширување на полето на уметноста”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И тоа е доволно. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 81 Катрин Франблен ЈОЗЕФ БОЈС, ретроспектива без дамка Центар Жорж-Помпиду 30 јуни - 3 октомври 1994 Никогаш порано Бојс не изгледал подепримирано од тој октомвриски ден во 1972, кога добил отказ од Академијата во Диселдорф.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Цврсто решен да го задржи своето про­фесорско место, тој започнал судски процес против државата Рајна- Вестфалија, подржан од голем број луѓе и од своите студенти.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во 1900 год. тој учествуваше во „Македонската експедиција” на Руската академија на науките што го посети и родното село на Мисирков Постол, каде што се сретна со својот студент и ја имаше неговата помош и соработка.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Неговите скулптури се изложуваат во Лос Ангелес и во Мексико.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Поради доставката на еден полициски кодош на УДБА, која им беше на многумина црна судба, дека универзитетскиот професор Климент Камилски дури и на предавањата пред своите студенти не го криел својот просоветизам, се најде на Голи Оток, каде што ги мина најмачните години од својот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, таму имаше и неколку интересни карактери кои успеваа да ги анимираат своите студенти со живописноста на сопственото животно искуство - а зарем уметноста не е искуство (на руски зборот искуство значи уметност).
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Да прават подобри луѓе од своите студенти и подобри студенти од своите луѓе.”
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Незамисливо, би рекла неговата сѐ уште-Преговарачка партнерка кога тој тоа така би го изразил; но најдобриот доказ за Френк дека стигнал до последното П во ПБПДП е дека овие увиди, иако растажувачки, вкупно гледано деновиве му носат колку бол, толку и задоволство; задоволство што толку долго време (иако помалку отколку што очекуваше) ги имаше, ако не богатството и славата, тогаш почитувањето од своите студенти и колеги додека предаваше, нежноста на својата воз­расна ќерка и возрасниот син на Џоен од нивните претходни бракови и, над сѐ, љубовта и пријателството на својата втора животна сопатничка, чии што талент и доцниот успех го радуваа барем онолку како да се негови.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се зборуваше дека еден од поугледните професори на Отсекот за филозофија ги крие книгите од своите студенти.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но не затоа за да го подигне квалитетот на својата настава, туку, и во тоа е поентата на оваа анегдота, за на своите студенти да им ги сокрие вистинските автори на сознанијата што на предавањата и семинарите ги презентирал како свои сопствени идеи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сепак, да се запрашаме: по кое право еден професор ги запоседнува изворите на осознавање не припуштајќи ги таму дури ни своите студенти?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
На Универзитетот во Јена на крајот од седумнаесеттиот век професорот по медицина Ернст Фридрих Ведел им објаснувал на своите студенти на кои начини ѓаволот се манифестира кај луѓето преку лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Живеејќи отсекогаш во блискост со големите француски писатели чии дела ќе им ги открива на своите студенти во Скопје, пред да стане амбасадор на својата земја во Париз, Старова ќе ја наследи и традицијата на убавото пишување: настојчивост и строгост во функција на смислата од каде што ќе се роди, како искра меѓу два силекса светлината...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тајген им дал на своите студенти списоци во кои биле наведени некои вистински поговорки но и некои тукушто формулирани со помош на споменатиот процес на пресликување.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)