свој (прид.) - стратегија (имн.)

Татко, во својата стратегија за опстанокот на семејството, помислуваше, тоа не го скри и ни го кажа во една пригода, дека можеби беше и добро што Мајка го загуби каталогот, зашто времето на повоените години донесе уште поголем контраст помеѓу хроничната немаштија и сликите на облеките и на предметите од Ла Ринашенте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Чанга продолжи: – Секоја република имала своја стратегија за уништување на козите, разработена врз основа на генералната директива на Федерацијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се чувствувале осамени и копнееле по неговото болно плачење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стратезите на СОЕ веќе при крајот на март 1941 година ја дефинирале својата стратегија спрема Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Си беше изградил своја стратегија која сакаше да ја сподели со Мајка, тоа не можеше да го стори директно, туку првин подготвуваше терен, пред да ја донесе конечната одлука. – Ние, мила моја, премногу се плашиме од границава!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во модрите височини обележувале линии на своја стратегија голошии орлишта, ни преголеми ни помали и секогаш над нивните засолништа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со овие книги, Мајка си ја збогатуваше и својата стратегија која ѝ била доверена од Бога дарејќи ѝ го животот за да си ги спасува своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)