свој (прид.) - стопан (имн.)

Робовите, ако го видат својот стопан во неприлика трчаат да му помогнат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Додека ороспиите се со освојувачки страсти, сакаат да владеат со просторот и времето што им се нуди на располагање, робовите тоа им го препуштаат на своите стопани, а нивните желби завршуваат со релизирањето на задачите што треба животот на господарите да им го направи удобен и забавен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се разбира, во Париз никогаш не може да се види само куче - тоа секогаш е со својот стопан, а помалите се носат в раце и се негуваат, како и малите деца.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Секоја од овие мачки си има свој стопан, „старател“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ним ни на памет не им паѓаше колку се измачуваше клетата жена и со каква тежина на душата го чекаше својот стопан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Најпосле и неговата сестра Бојана ќе ја почувствува среќата да биде покрај својот маж, покрај својот стопан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Одеа полека кон селото. Коњите разнемоштени, едно од тешкиот товар, што дотогаш го тегнеа, друго од разделбата и немоќта што не можеа да му помогнат на својот стопан, со вина во погледот врискаа... час подигајќи ги предните нозе, час се тегнеа наназад вклопувајќи ги задните нозе вземја, со високо кренат опаш ја покажуваа својата лутина.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во последно време мачорот беше се навикнал да ја следи насекаде, исто како што го следеше својот стопан Милан.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Збунет од однесувањего на својот стопан, мачорот трепна и си ги излижа мустаќите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Под сребрениот капак со изгравиран жерав времето се одмотувало кон својот бескрај оставајќи ја зад себе смртта на своите стопани.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А ова, квичењево, таа е загарката на Фируз-ефендија ... го бара својот стопан и плаче по него ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Бојан ја домами кучката и таа послушно слезе низ скалите, подлавнувајќи повремено, па послушно легна до нозете на својот стопан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Откај трлото се слушна едно, две залајувања, а по малку големото бело куче исплива од темнината и застана пред својот стопан, мавтајќи со рунестата опашка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Штом случајно заѕвонеше ѕвончето, Грифонот џидички истрчуваше до влезната врата и, свртено не кон вратата, туку кон својот стопан, стоеше потпрено на задните нозе чиниш готов да му скокне ако тој се осмели да се пресегне да ја отвори вратата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога ќе изгубеше трпение, по скалите се качуваше до чардачето за да го почека таму својот стопан во колак свиткан пред вратата од варосаното одајче.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Лутајќи така мисловно и загледан во кучето, во еден момент господинот Гроздановски имаше впечаток дека тоа се мачи да најде начин на својот стопан да му каже што мисли.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Или, клекнат на задните нозе, потскокнувајќи и вртејќи ја опашката, го чекаше да си легне и, бидејќи стариот професор имаше обичај пред заспивање да прочита нешто лесно, грифонот не ја свиткуваше главата да задреме како што обично прават кучињата, туку го имаше на ум својот стопан сè додека тој не го изгаснеше светлото и не се свртеше покривајќи се преку рамо да заспие.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Така, во Брезница опстана да живурка уште прекарот Брчалото што прерасна во поговорка што одвај потсетуваше на својот стопан.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Со него, паралелно во ист ритам, одеше и неговиот бик Чако, разјарен, лаком во своите потреби, кој подгонет од неудобноста на студот, веднаш јурна низ угорницата, без да го почитува својот стопан.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Со тоа Чако му се предаде на својот стопан како најкротко суштество.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Но и слонот ја крена сурлата, па кога зави како втрештен го уплаши Букефал Така кренат Букефал го засолна својот стопан, зашто: стрелата мина низ него, па го погоди Александар. Букефал веднаш почина.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)