свој (прид.) - старост (имн.)

Жан Домек својата старост им ја посвети на козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не ни помисли на својата пушка. Само остана на прозорецот, а оној мршар, со своето суво тело и со својата старост, еднаш сепак мораше да го сети буден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој тогаш се обиде да се скрие во мудроста на својата старост.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Професор Пол пивна и се заколна дека во неговиот крај, кога бил мал, пред доаѓањето на геометрите и полицијата, имало џуџиња, монаси кои со посебен, строг начин на живеење успеале својата старост посветена на науката да ја продолжат до библиски димензии, при што, сосема природно, се смалувале...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)