Во одговор на ова – веднаш, преку ноќ, работодавачот ангажираше познат скопски адвокат (И. Панчевски), кој лошо го советува да им изготви отказни решенија на иницијаторите и предводниците на штрајкот, иако тоа е противзаконски чин, што и беше сторено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Над фабриката беше отворена стечајна постапка и беше назначен стечаен управник од Скопје.4 Сите вработени отидоа „под Биро“ – т.е. секој, зависно од својот стаж, неколку месеци земаше паричен надоместок во случај на привремена не- вработеност, кој им следува како уставно и законско право.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, овие луѓе на кои им дојде „нож до коска“ од долгогодишните шефовски лаги и глумења, беа подготвени на ваков пресметан ризик уште од почетокот на борбата, па останаа упорни и солидарни во заедничката битка – и воопшто не се плашеа од негативните консеквенци и реперкусиите кои следуваа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)