свој (прид.) - способност (имн.)

Во тие чудесни процеси на органска перихореза, македонскиот народ ги развивал своите способности, во согласност со својот сопствен антрополошки пат, без да го изневери “византизмот“ како историски образец.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Високата категорија останувала долги периоди безбедно на власт, но порано или подоцна секогаш настапувал момент во кој таа или ја губела вербата во себе, или својата способност да владее ефикасно, или и едното и другото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Други пак своите способности ги насочуваат во нова технологија, како што се компјутерите, за што се далеку поподатливи отколку возрасните, и со тоа се обидуваат да ја ублажат општествената криза.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А, таму,пола од гостите играа валцер, рок-ен-рол и полка, а овие, другите, чекаа да ги покажат своите способности на танчери еднакви на професионалците од „Танец“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не одбив, и среќа моја е што не одбив, оти дознав за уште една своја способност: одржувањето рамнотежа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во мускулите, од рамото до лактот, боцкаат тапи иглички и длетото на двапати му падна од раката, која започнува да ја губи својата способност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Затоа овие луѓе своите способности не треба да ги усмеруваат во погрешна насока, таму каде што за нив нема смисла.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Па иако тие среќници (или несреќници) не можеле да ја објаснат оваа своја способност, сепак можеле да го наслутат постоењето на таквиот механизам!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Навистина, кои се предусловите за остворувањето на едно вакво взаемно надополнување?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа и самиот се запрашав: „Дали навистина не е опасно ако некој си вообрази дека може да го одредува текот на нашите размисли и со помош на оваа своја способност да донесува заклучоци за нашите намери“?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Едноставно таквите луѓе се полни со страв, се напрегаат над своите способности, живеат во штрек, од ден на ден стануваат сѐ побездушни, послепи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А тоа наше штедење е за да бидат нашите чувства подлабоки и повозвишени, наместо така плитко и ниско да се потрошиме во животинско задоволување.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ние не го трошиме своето здравје, својата способност за уживање, своите сили: ние се штедиме за нешто, а честопати ни самите не знаеме за што.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој е единствен во својата способност да каже сѐ и сепак да го сочува своето јадро на неприкосновен интегритет.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Откога ќе го види или почувствува лошото, тој го осознава, ги определува, границите на своите способности за откривање себеси.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Длабокото верување на своите способности човека го чини моќен, така што разликата помеѓу верниците и неверниците е голема.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Навистина ја злоупотребуваше таа своја способност да се оддалечи од туѓите зборови.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да се огради од нив. Или се плашеше од евентуална стапица?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)