свој (прид.) - сојузник (имн.)

Во анализите на советскиот интерес во балканските држави, тие ќе истакнат дека Советите во Романија, по анектирањето на одредени територии кои тие ги посакуваат, ќе настојуваат да се постави "пријателска влада, врз која ќе можат, во голема мера, да имаат своја контрола".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, за разлика од текот на настаните во ЏИЏ век, кога Велика Британија како свој сојузник ја имал Австро-Унгарија, „која им се спротивставувала на овие руски мерки“, во средината на 1944 година, според британските експерти „нема никој на кого би можеле да сметаме за поддршка“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се сомневам дека таа идеја ќе може да ја потисне бугарската ако остане само како чисто и голо спротивставување па затоа српската идеја би имала голема полза од еден свој сојузник кој би бил остро спротивставен на бугаризмот и кој би содржел во себе елементи што ќе можат да го привлечат народот и кои ќе му бидат блиски на неговите чувства, и кои ќе го отцепат од бугаризмот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)