свој (прид.) - сосетка (имн.)

Овде никогаш одново ќе биде јули: Дрвја со црвени плодови, Старичка што со недели чека да се воздигне За да си поразговара со својата сосетка на небесата, Ѕвезди во дланките на заспаните дечиња, Жени со набрекнати дојки легнати под сенка, Крикови на птици среде летната замаглина над ожнеаните полиња, Илјадници пеперутки скаменети во сенката на облакот, Српови расфрлени кај јазот, Црна сол врз изгорените костури на тревките И една девојка што полни ведро во бунарот За да му подаде студена вода на оној Утре што ќе следи на ова исто место Загледан во дрвјата со црвени плодови Овде некогаш одново ќе биде јули...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ѓорѓија повторно културно се насмевна и потоа ја пофали својата сосетка за добро научениот странски јазик, иако вистински не ги регистрира сите информации што му ги даде во толку кратко време.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога е во прашање филм каков што прави Хичкок, станува збор за концентрација на вниманието на публиката кон екранот во толкава мера што, на пример, арапските гледачи престануваат да лупат кикирики, Италијаните да ги пушат своите цигари, Французите да ја милуваат својата сосетка, Швеѓаните да водат љубов меѓу два реда фотелји...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мајка ова го беше дознала од една своја сосетка па, знаејќи дека работам за весници­те, бараше да ѝ ја потврдам веста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)