свој (прид.) - соработник (имн.)

Ама затоа пак, тие, откако ги фати спаијата за свои соработници, не оставија ни еден витолишец да не го прашаат што е и како е в село, а особено каде има поубава ракија и млади невести.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа се птиците“ и им наредил на своите соработници да цртаат птици и само птици.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Маркос се потсети на жолчниот разговор што го водеше со своите соработници, тогаш потпоручници и поруници на предвоената грчка армија, за време на движењето на отпорот – капењос, а сега унапредени во генерали (не од него) Бланас, Кикицас и Ласанис, со кои го формира Главниот штаб на партизаните.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дури некои промени во звучниот период, што се однесува до филмската техника, може да ги сметаме за грешење во Ворхоловската естетика.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа пред сѐ е првиот Ворхолов филм кој во целост е сниман со подвижна камера (ако ги изоставиме ретките зумови и движења во Vinyl и Space); парадоксално, Ворхол којшто упорно ги одбивал предлозите на своите соработници фиксираната камера да ја помести макар за милиметар, тоа обилно го правел во Nedy, кадешто самиот ја врши функцијата снимател.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Александар додека чекаше пред кафематот се запозна со својот соработник за документарецот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
„Зошто излишен”, го прашуваат борбените.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој е надлежен СС-офицер и заедно со својот соработник, капетан Алојз Брунер, се дел од комисијата Роземберг и имаат наредба да се ангажираат со еврејската заедница...“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Игор Лозински благо го погледна Татка, покажувајќи во изразот дека има разбирање во неговата размисла, макар што таа водеше кон друг тек, па продолжи погледнувајќи и кон својот соработник Цветан Горски: - Но, мене пријатели мои, друга мака ме мачи, кога се во прашање јагулите и нивниот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
XIII Татко нестрпливо ја очекуваше најавената посета на Игора Лозински со својот соработник Цветан Горски.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)