Има сопственици кои се толку приврзани за своите кучиња, за своите миленици, што и преку денот наминуваат во Пансионот да видат што им прави кучето, дали е весело или тагува, спие или лае, особено оние кучиња кои првпат доаѓаат во Пансионот и кои не навикнале на таков режим, одвоени од дома и од очите и гласот на својот сопственик.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Во таа самотија за која не беше создадена, оти куќите се градат од луѓе за да бидат полни со луѓе, нејзините празни соби се полнеа само со сеќавањата на сите тие години во кои ги живееше животите на своите сопственици.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Вадејќи ги на слобода, тие не можат да се изнарадуваат: ги лижат за раце своите сопственици и им скокаат како мали дечиња.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Набљудувајќи како кучето се однесува спрема својот сопственик, Лакан, можеме да утврдиме дека кучето зборува, комуницира со него, ги покажува својата љубов и почитување, дури љубомора.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)