свој (прид.) - сопруга (имн.)

Вечерта на 25 ноември 1871 година, откако доживеал триумф во ,,Лициум“ Ирвинг се свртел кон својата сопруга Флоренс и и рекол дека успехот во театарот ќе им дозволи да имаат сопствена кочија и пар коњи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Им го посветувам на својата сопруга Соња, на синовите Жорж и Александар, на внуците Анте и Ирина и на возвишениот благородник, господинот Трифун Костовски; напати, кога откажува татковината, воскреснуваат нејзините личности.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Настапило некое несогласување, му била мала зработувачката, за својата сопруга не можел да најде работа и тргнал на печалба во Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Татко ги насети во сонот тивките чекори на својата сопруга кои се оддалечуваа, чекорите на љубовта и во овие години на животот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски повторно ја бакна својата сопруга, која не беше навикната на толку голема нежност од својот сопруг, оддалечувајќи се да ја постави вечерата, додека Климент не знаејќи што да прави во кујната влезе во својата библиотека, ја остави чантата, имаше време само да отвори некои од речниците и да се врати во трпезаријата каде што веќе беше поставена вечерата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
До доцна во ноќта Камилски пребаруваше во веќе отворените речници османски заемки од областа на архитектурата и урбанизмот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски гледајќи ја со својот благ поглед, кој бараше разбирање од својата сопруга кога беа во прашање книгите и кое секогаш безрезервно го добиваше, ѝ рече дека со Татко се на прав пат да ја состават листата на стоте најопасни турцизми, започнувајќи од денес со разгледување на десетте најопасни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XLI Климент Камилски се врати дома радосен, ја бакна својата сопруга во двата образа, ја прегрна силно, а тоа ретко, многу ретко го чинеше откако се врати од Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дворот од неколку квадратни метра, со разгрането стебло на кајсија во средината, крај кого наместо маса беше легната макара од кабел со неколку јасикови трупци наоколу прилагодени за седење, Ханка го делеше со осумдесетгодишниот пензионер од „Металски” Боро Симески кој по смртта на својата сопруга го продал станот во Тавталиџе, им ги поделил парите на двата сина, и се сместил во приземната барака со една соба и кујна, веднаш до нејзината.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На периферијата во градот Оукланд на улица 378, во куќата број 12, кај што живееја Стив Великаноф со својата сопруга Јана и двете деца, едно од десет и едно од седум години, затропа реонскиот полицаец.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во 1953 година на покана на Лазар Колишевски Христов, со својата сопруга Маргарет Вутерс Халовел, ја посетил Југославија и Македонија како гостин на Матицата на иселениците од Македонија и на Друштвото на писателите на Македонија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На мажот му е потребно да се навикне на својата сопруга, да ѝ ги научи карактерот и срцето пред да почне да ѝ верува.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ракунот живее со својата сопруга и по правило со печес деца.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
А и богатството што ти го имаш, животот што можеш да го понудиш на својата сопруга, не е мало.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во својата голема куќа во Тур, во вид на мал дворец, во која бев повикан да го посетам, Жан Домек живееше со својата сопруга и со две убави сански кози.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Љубен Христов остана со својата сопруга Даница и синот Владимир и до денешни дни во Тунис, според заветот на Бургиба да ги подучува и да ги научи туниските инженери да проектираат брани, како неговите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа според кажувањето на Ерик Руло, во еден разговор, беше и условот Митеран да се сретне со палестинскиот лидер во Париз.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогаш Пјер Мандес Франс, кој ги водеше и преговорите за независноста на Тунис, со својата сопруга Мари- Клер, ќе ги организира и првите контакти на Палестинците со Израелците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Минав првин крај резиденцијата на јапонската амбасада, оставајќи ја зад себе аргентинската во која живееше мојот голем пријател амбасадорот Марио Пико, со својата сопруга, Чилеанката Паола.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во еден период и ми беше личен гостин со својата сопруга во Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како и да е, раководителот најмногу го интересираше како Сатурн дознал за сместувањето на својата сопруга.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше подготвен да му дозволи посета на Сатурн, со нужни мерки на внимание, ако му вети дека за доброто на својата сопруга ќе му се покори на однесувањето кое ќе му биде назначено од него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
– Сѐ на сѐ, вистинска среќа е тоа што таа се најде овде, зашто ние сме стручни за случаи кои бараат дисциплина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, нему ќе му ја видеа маската, да слушнеа што � рече тој на својата сопруга по лекцијата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
” И нему му веруваат...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)