Србите сакаа да ги направат Македонците да им служат на српските интереси, т.е. самите да се мислат и на своите сонародници да им велат дека се Срби.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Овој пат не се козите водилки по патот низ вековите, туку јаничарите, тие елитни војници на цариградските господари, кои стануваат најжестоки прогонувачи на свои сонародници.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сето тоа ќе му се случи зашто на своите сонародници ќе се обиде да им даде на знаење дека ги замениле трите верувања (католичкото, православното и муслиманското), својствени на албанскиот народ, со сталинистичкиот марксизам, кој ќе завладее како нова религија бришејќи ги другите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Затоа Барес може, во името на науката, на своите сонародници да им советува да се ослободат од крупните зборови какви што се вечно или секогаш, и како пример им го наведува идиомот кој, наместо зборовите „јас мислам“, ја остава можноста да се рече: Es denkt in mir, „тоа мисли во мене“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тој читал книги собирајќи го, со голем љубопитност, книжевното опитство на светот и на своите сонародници во сопствениот качкет.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Овој висок, секогаш елегантно облечен господин, одважен во многу моменти од својот живот, во трговијата што ја врши и во управувањето со имотот, како и во заштитата од неволјите на своите сонародници, има зад себе спомогнато изградба на црква и купување камбана, отворање на народно училиште, помош на читалиштата што почнаа поначесто да се отвораат во нашите поголеми и помали градови, градење и поправање на сето она што било потребно во неговото родно Маказар и друго.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Така тие го изразија накипениот благороден гнев на својата македонска татковина и им го завештаа на своите сонародници најпрекрасниот пример на самопожртвуваност“215.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Американците од словенско потекло во текот на Втората светска војна, покрај моралната, политичката и материјалната помош на своите сонародници во Европа, истовремено укажувале и несебична материјална и друга помош на САД во борбата против силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Американскиот сесловенски конгрес ја продолжил својата работа и во годините по војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)