свој (прид.) - совет (имн.)

Трајанка ги посетуваше често влијаеше со своите совети...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Пријателот ќе го заврши својот совет со сентенцата: „памти ми ја думата: внимавај на чумата“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Секоја приквечерина, сѐ повеќе набљудувачи се собираа околу дупката и ги кажуваа своите коментари, своите совети и предвидувања.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Седиштето на Врховниот суд е во Скопје (чл. 26, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Врховниот суд на РМ е надлежен: 1) да решава во втор степен против одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон; 2) да решава во трет и последен степен по жалбите против одлуките на апелационите судови; 3) да решава по вонредни правни лекови против правосилните одлуки 138 на судовите и одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон; 4) да решава за судир на надлежност меѓу основните судови од подрачјето на различни апелациони судови, судир на надлежност меѓу апелациони судови, судир на надлежност меѓу Управниот суд и друг суд, судир на надлежност меѓу Вишиот управен суд и друг суд и да решава за пренесување на месна надлежност кај овие судови; 5) да одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок, во постапка утврдена со закон пред судовите во РМ, во согласност со правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за човекови права и тргнувајќи од судската пракса на ЕСЧП; и 6) да врши други работи определени со закон (чл. 35, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Ќе изгласам свој совет и ќе судам. Милост ќе се нема за никого.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И без да имам некоја грда намера наеднаш доаѓам до заклучок дека со прашањата што одвреме навреме ми ги поставува доктор Пачев всушност бара потврда за своите совети.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ох, секој допир кај вљубените е порака, совет, молба, ветување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа и ви го препорачувам бифето“, го повтори својот совет службеното лице, но овојпат покажа и со показалецот кон сниската зграда со ситни прозорци исполнети со скржава жолта светлина негде на почетокот на плочникот, или пак од другата страна на улицата, на самиот свиок.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)