свој (прид.) - соба (имн.)

Дај, да те бакнам. ...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Наташењка, земајќи вино од визбата, веќе приоѓаше до вратата од својата соба, кога ненадејно слушна застрашувачки врисок.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Татко ми го затвори радиото, го извади шнурот, и го однесе во својата соба, овој споулавен апарат што, за толку кусо време, посеа толку немир.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Откога ручавме молкома, татко ми се повлече во својата соба на вообичаената починка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ја погледнува прекорно мајка си и заминува во својата соба.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За момент помисли дека ја гледа разголена во својата соба недалеку 98 okno.mk оттука.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Таа го граба јорганот од неговиот кревет и брзо излегува со него, грчевито стегајќи го како да гушка нешто мило, го носи во својата соба и таму паѓа со него на кревет, и плаче, плаче.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ренди се беше затворил во својата соба и слушаше музика.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ако Дејв му наредеше на Ренди да остане во својата соба или пак го казнеше на некој друг начин - а тоа се случуваше почесто од што Дејв би сакал - со најсуров и полн со омраза глас Ренди ќе му речеше: „Оди прочитај некоја книга, Г-дин Читачу.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Никој ништо не му одговори, во кујната остана истиот молк, но во својата соба Ване се почувствува послободно, иако таа веќе беше издадена на друг, некој незнајник а сепак врсник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но сега, кога се најде во својата соба како во туѓа, од сето тоа лето немаше ништо.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ги направи тие чекори, во речиси изодениот живот, во својата соба, преполна книги, која веќе долго време му беше замена за светот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Децата во меѓувреме пак се прибраа во својата соба, зашто она што се емитуваше на телевизија не ги интересираше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ме беше посоветувала: „Веќе си голем, сине, треба да имаш своја соба!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја затвори вратата зад него и ме воведе во својата соба претрупана со лонци, калапи, четки, бои, парчиња гипс и стотици ситни ненужности.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Помина голем број километри помесувајќи се низ куќата, ту до терасата, ту до собата за дневен престој и до својата соба со огромно огледало: одвај собра сили да земе еден од трите оброци тој ден, колку да му се противстави на гладот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
За да не мора да слушаат ги тераа децата од своите соби.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Децата, нормално, немаа ништо против, бидејќи така можеа уште понепречено да уживаат во својата музика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога во шеесеттите родителите започнаа згрозено да констатираат дека нивните деца имаат сосема поинакви погледи на суштинските културни и политички прашања, беше предоцна.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сара му зборуваше за својот свет кој завршуваше со прагот на домот, за она што можеше да го види отаде границата на нејзиниот свет – она што можеше да го види низ прозорецот од својата соба: улицата и куќите од спротивната страна, и дрвата покрај куќите и небото над нив, дел од тој недофатлив свет беше и она што можеше да го види во книгите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во секој од нашите домови тој имаше своја соба - тоа најчесто беа малечки преуредени сопчиња, кои пред нашите вселувања биле шпајзови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Влегував во неговата просторија со мал прозорец кој повеќе изгледаше како пукнатина на ѕидот, и застанував покрај креветот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мојот поглед ја галеше хартијата; гледав во полните усни, во внимателно зачешланата коса, во замислената линија меѓу веѓите, во очите кои плачеа навнатре, и помислував дека можеби во тој ист миг Рајнер седи во својата соба, и како што јас гледав во тој лист хартија, така тој гледа во црвениот џеб што му го дадов за спомен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако ме одвоите од дрвово, тоа ќе престане да ме сонува и мене ќе ме снема!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш, седејќи во аголот од собата, потпрена со грбот на ѕидот, заспивав загледана во ликот на Рајнер положен на моите колена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секојпат кога чуварите ни велеа дека времето за прошетка во паркот е завршено и треба да се вратиме во своите соби во болницата, една девојка го прегрнуваше најблиското дрво легнувајќи на земја, и долго се бореше додека не ја одвоеја, врескајќи: „Јас сум сон на ова дрво!
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога часовите се одржуваа во градината, честопати ја забележувавме Сара, ќерката на доктор Ауербах, како нѐ гледа низ прозорецот од својата соба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зигмунд ми кажа дека Фридрих Рихтер ѝ давал часови по цртање во другите денови, затоа што Сара Ауербах имала тешкотии во одењето, а нашите часови по цртање повеќе беа игра, брканица, криенка-миженка, а помалку совладување на цртачката вештина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сара го прашуваше Зигмунд за него самиот, за студиите, за неговите пријатели, за тоа што сака да направи утре, а што по десет години, а тој кажуваше дека сака да ја разгатне загатката на човечкото суштество – сакаше да знае од што се раѓаат љубовта и омразата, што е она што ја создава желбата, како се придвижуваат мислите; “Можеби не треба да ги знаеме тие нешта,” велеше Сара, и минуваше со дланките по нозете, по фустанот кој ги покриваше металните апарати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една од тие воени зими беше најстудената што ја помнам; студот не ни дозволуваше да заспиеме навечер, па останувавме со мајка будни во мракот на приемната соба, тропавме со нозете по подот и триевме дланка од дланка да се згрееме, проговорувавме по некој збор, а потоа, кога ќе изминеше ноќта, кога ќе минеше утрото а ближењето на пладнето малку го ублажуваше студот, одевме секоја во својата соба и заспивавме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш по некоја вест ќе нѐ израдуваше, како кога стигна телеграма дека Софи, која три години пред тоа се беше омажила за фотографот Макс Халберштат и имаше заминато да живее со него во Хамбург, родила син.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Веќе во лулката на сонливоста, пензионерот Богдан Грм му го остави шахот и бакшишот од три динари на неизбричениот келнер, и замајќи го клучот од својата соба 09, зарипнато прашува за бројот на собата на госпоѓата со внучката. – Дваесет и девет, точно два ката над вас – одговара неизбричениот портир со (соучесничка) насмевка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
По завршувањето на оброкот жената ја расчистува масата, децата заминуваат во својата соба, мажот го облекува капутот и со обувките за по дома, излегува на балконот. Пуши цигара.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Мамо?“ Целата растреперена од страв, таа стана и постојано подвртувајќи се, со лизгање на раката по ѕидот, излезе од својата соба во ходникот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Воопшто не забележаа дека некој ги гледа, а таа тивко, без збор, скоро без здив, се врати во својата соба.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Плачеше цел ден, зад заклучената врата на својата соба, додека мајка ѝ залудно ја викаше да јаде.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
НЕДА: (Се повлекува наназад кон својата соба.) Господин Луков.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
На крај, од својата соба, со револвер во рацете, сета избезумена, се појавува Неда.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Токму затоа, отидете во својата соба и... чекајте ме. (Тргнува накај неа.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ФЕЗЛИЕВ: Госпоѓа Христова спие во својата соба.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
НЕДА: (Останува сама на сцената. Потоа, трга бавно да излезе во својата соба. Ја запира гласот од Фезлиев. Неда се стреснува.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
НЕДА: (Мислејќи дека Луков заборавил на неа, прави обид да се повлече кон својата соба.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Таа немо плаче и се враќа во својата соба...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
На тие дрвени форми никој не им обрнуваше внимание, никој не ги гледаше, но учителот трепереше од радост кога такво парче ќе најдеше; го вртеше низ рацете, го гледаше, а потоа го носеше во својата соба во училиштето, го оставаше на полицата и седнуваше крај него гледајќи го со часови.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Освен тоа веќе време беше да платам кирија за својата соба.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но, сепак, Рада конечно со градбата ја доби својата соба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како крадец влезе во претсобјето и во својата соба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако ја сослуша ваквата определба, Акакиј Акакиевич тажно се одвлечка до својата соба, и како ја минал таму ноќта, му оставаме да пресуди на оној што макар малку може да навлезе во положбата на друг.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На генералот, којзнае зошто, ваквото обраќање му се сторило фамилијарно. - Па што ви е, милостив господине, и натаму зборуваше отсечно, зар не го знаете редот? каде сте влегле? не знаете како се одвиваат работите?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Овој настан му оставил силен впечаток.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога го виде кроткиот изглед на Акакиј Акакиевич во неговото старо виц-мундирче, тој наеднаш се сврте накај него и му рече: „Што сакате? “ – со отсечен и цврст глас, за којшто имаше вежбано намерно во својата соба, сам и пред огледало, една недела пред да го добие своето сегашно место и генералскиот чин.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бледо, испреплашено и без шинел, наместо кај Каролина Ивановна, тоа си дошло дома, се довлечкало некако до својата соба и ја минало ноќта сосема во хаос, така што следното утро за време на појадокот ќерката отворено му кажала: „Денеска си сосема блед, тате“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја наведна главата (коњ сум и се кријам од очите на овој коњ, мислеше), и се качи до својата соба.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За сетилата на луѓето поклопени со мртов мрак во своите соби разјадувачкото крцкање на глувците не беше никаков допир.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Тој е просто луд.“ Нојо треба да биде сменет од високата долѓност заради лош избор на овој ковчег, мислеше Отец Симеон кога се затвори во својата соба.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ќе се повлечеа во своите соби ако не станеше она што стана двапати пред тоа: по третпат гласно `рзнување се пропна на задни нозе како пред скок и удри во прерано испукнатиот таван. „Тоа чув“ , им рече непобеднички додека тие молчеа онемени од морничавост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мислат ли тие, ги праша, дека тој ќе ја претвори својата соба в штала, а браќата Крловец со остар песок под кожата на табаните не смееја да погледнат во него повторувајќи еднобојно дека нивната соба е мала и за мачка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А тој само сакаше тивко да гледа пред себе и да мирува во својата соба.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кога по таквите обиколки ќе се вратеше во својата соба, често ги превртуваше рацете и ги посматраше.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ееееххххх...“ викна Томаица и плачејќи излета од трпезаријата и отиде во својата соба трчајќи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А продолженијата ги сечеше, грижливо ги сортираше и чуваше во едно долапче во својата соба, криејќи ги од родителите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сотир Паскали, гледајќи го куферчето преполно со книги и тоа како Камилски со судни маки го влечка до својата соба, сепак, го претпоставуваше најлошото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така Камилски во последните денови од престојот во хотелот, во својата соба 17, имаше свој тунел меѓу своите книги кој му овозможуваше да преживее нормално до крајот од својот престој во хотелот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој речиси на прсти се прикраде во својата соба и најпосле брзо заспа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски во знак на одобрување му одмавна со раката и исчезна со куферчето во својата соба, исполнета со книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако се поздрави со гостинот, Мајка се повлече во својата соба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По два дена, ми се јави по телефон дека е готова, дека ја средила својата соба, куќата, исто така, ќе ги затворела, ми рече, прозорците, вратите, ќе ја ставела на место храната за Гаро и за мачката, а видела дека има зоб за коњот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тој влезе во својата соба. Сакаше да избегне да му се заблагодарувам, но знаев дека оттаму ќе го наслушнува моето расположение.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Силно ја затвори вратата во својата соба.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, и кога ќе дојдеше некој да ги посети, не се повлекуваше во својата соба.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Скоро цел час Карл седеше сам во својата соба, кога слушна дека се отвори влезната врата од куќата...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Минувала денови, осамена во својата соба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Која мајка?“ „Мојата мајка. Таа е овде, во својата соба, број 22.“
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Бонети почувствува непријатност. Сакаше нешто да му рече, но се повлече и отиде во својата соба лут во душата. И цела ноќ не можеше да заспие.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога излезе од уличката, сега на горната страна, погледна в лево и в десно и бидејќи пак никого не виде – возбудено се врати во својата соба кај Петра.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во текот на целиот тој ден авторот, отиде во Брезница Митре Геровски, на повеќе пати излегуваше од својата соба во Петриното мотелче на вакви куси прошетки на кои секогаш крајната цел им беше средселото и селската продавница и се враќаше во собичката да запише уште нешто.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Криглите пиво, чинивчето со кикирики и пепелникот ја преполнуваат кафеанската масичка. – Не ми е гајле ако има пепел во пивото. – се теши патникот, но изгледа дека и тој и Л.А. внимаваат тоа да не се случи. Dramat се полни со изводените новодојдени.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Воздивнувајќи, баба Цвета тешко и тивко поаѓа од салонот во својата соба.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А Светлана, во секој случај, нервозна: „Ајде, Боре, оди во својата соба! Што си се залепил за стаклото, ќе настинеш!“
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Откако го земав се стрчав тивко во својата соба и почнав да размислувам.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Невенче ја стави тетратката во чантата и отиде во својата соба.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Учителот Коста ме повика, во својата соба и ми рече дека сме многу далеку од дома и да не правам такви глупости другпат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Низ големата врата влегоа двајца мажи, а зад нив, кривејќи сдеше млада жена со нагрдено лице.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Александар ја тресна вратата и влезе во својата соба.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тогаш секогаш погледнувам во часовникот. Ама тоа не е страшно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Влатко отиде во својата соба од средната фиока го зеде албумот и кај завршната групна слика од VI одделение внимателно ги стави оние три пожолтени листови од под тополите извишени крај Маркова Река. 7 Октомври е месец со многу наставни и воннаставни задолженија, па времето мора многу добро да се организира и за учење и за исполнување на задачите предвидени во воннаставните секции.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Влатко немаше време да се вклучи во разговорот на родителите: се повлече во својата соба да ги напише домашните задачи, да ги повтори лекциите за петте часа - а шестиот ќе е ликовно - треба само да се подготват блокот и приборот. ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Откако ручаа Мими ги крена садовите и отиде во својата соба да пишува домашни задачи. Мама Злата свари кафе.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
БОРИС: Не знам што рече, ама нешто гадно рече. (Пауза.) МАТЕЈ: (Од зад вратата на својата соба) Мамо! (Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МАТЕЈ: Има ли смисла да се лежи поради ова? (Го пушта. Оди во својата соба. Затвора врата. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Дома е, - викна малата Ане што истрча од својата соба да види кој е.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ние - добро се сеќавам - се преплашивме, и замолкнавме секој во својата соба.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Добро, - рече таа и си влезе во својата соба.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- И си влезе во својата соба.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И токму кога тргнав накај својата соба, слушнав дека татко ми ѝ рече на мајка ми: - Имаш ли намера да почнеш уште вечерва да пишуваш, или ќе дојдеш да го гледаме филмот на телевизија?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Брат ми влезе во својата соба и уште долго потоа гласно сам во себе си зборуваше, дека нема правда, дека него никој не го сфаќа, дека сè мене ме бранат и сè тој излегува виновен ... и такви некои нешта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Велам – големи, затоа што со часови сите ние останувавме секој во својата соба со книги во раце.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Единствено брат ми недостасуваше. Влегов во неговата соба: пустош.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа е можно само во Маврово.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во тоа време од денот, единственото нешто што можеше да ме заинтересира беше да мислам на Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ги знам јас тие приказни од другарките што имаат поголеми браќа и сестри: седеле во своите соби по цел ден и божем учеле, а којзнае што читале и на што губеле време, па после кецови.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Прекрасни петнаесет дена! Дома како дома: свој кревет, своја соба, сѐ на свое место, не попусто се вели, секаде е убаво, ама како дома- никаде. Најубаво е дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Немаа своја соба, спиеја во дневната.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми и татко ми спијат, брат ми чита во својата соба, а јас се досадувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, две куќи подалеку, ја гледаш онаа таму, живееше Жана, другарка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас во собата на брат му кој беше на студии во Скопје и ретко доаѓаше дома, а тој си спиеше во својата соба.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)