свој (прид.) - смисла (имн.)

Еден метафизички текст застапува извесна форма на присутност, p.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Според Сосировата семиотика, таа ја црпи својата смисла од нејзиниот опозит, не-p.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во деконструктивистички жаргон, p е привилегиран. 60 Margina #11-12 [1994] | okno.mk Деконструкцијата се јавува на две нивоа (или можеби аспекти е подобар збор, бидејќи овие можат, до извесна мера, да се изведуваат симултано).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Раководен од помислата дека како творба на духот, уметничките дела ја добиваат својата смисла и вредност само во односот со публиката, Кацаров е убеден дека вкусот е конститутивен елемент не само на естетското создавање, туку и на естетското доживување.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Марсел Дишан никогаш не се одвои од својата смисла за хумор, тоа беше “sel du marchand”. (солта на трговецот, анаграмот на Марсел Дишан).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога ќе запрашате што е тоа зен, повеќе нема да го има. Кога ќе прашате што е тоа Дишан, веќе го нема Дишан. Кога ќе запрашате што е тоа стил, веќе нема стил.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Знам, почитуван господине, дека на полето на вам милото христијанско учење, секоја почва е плодна, и залудно никој не шприца семе, така, сѐ си ја наоѓа својата смисла, дури болката најмногу.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Едноставно, еднаш работите си доаѓаат на свое место, па станувањето наутро почнува да има смисла, утрото добива своја смисла, па дури и смислата има смисла.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сите работи во животот на човека се случуваат како непознато писмо, како пораки што дури подоцна ја откриваат својата смисла.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Она што постои го спречува да дојде она другото без кое животот ја губи својата смисла.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во космичкото време сѐ е бесмислено, бидејќи во него сѐ еднаш ќе заврши и ќе ја загуби својата смисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во тој миг Зигмунд застана, ја поткрена раката за да одмавне со неа пред своето лице како да брка мушички, како секогаш кога мислеше дека она што му е кажано не заслужува одговор од него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но во вечноста сѐ што завршило во космичкото време одново ќе ја стекне својата смисла, која не ни е дадена да ја разбереме и доживееме дури сме во времето.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оттогаш ја добива целосно својата смисла симболиката на водата, со едно езеро синоним на чистотата, појавено многу време пред човекот, со својата разбранувана вода која, откако ќе го напушти својот вечен резервоар, не знае граници.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мисијата требаше да продолжи во спасувањето на други детски животи зашто, поинаку, сета мисија не би ја имала својата смисла. Немаше крај на Мајкините добрини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ние ќе продолжиме сѐ додека големите зборови како бесмртност и засекогаш не ја остварат својата смисла.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)