Перспективата на набљудувачот не мора само да биде во состојба да ја објасни историската и социолошка контингенција на тие движења туку и да покаже зошто се тие веродостојни и пожелни за своите следбеници.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Изнурнаа фансингарите на Смртта како пљачкашки банди за да убиваат по одобрение, според барањата на божицата Нација; да пљачкосуваат и парчосуваат тела, како што некогаш, Маргина 36 37 додека Британците не ѝ го ставиле крајот, божицата Кали барала од своите следбеници, тагови.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тие се должни да го спречат изгладнувањето до смрт на своите следбеници во доволно големи бројки што би можеле да бидат незгодни, и должни се да останат на истиот низок степен на воена техника како и нивните противници; но кога минимумот е еднаш веќе достигнат, можат да ја извртуваат стварноста како што сакаат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Оваа доктрина, се разбира, отсекогаш имала свои следбеници, но начинот на кој беше изложувана сега, беше значително променет.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сите владетели во сите времиња се обидувале да им наметнат лажна слика за светот на своите следбеници, но не можеле да си дозволат да охрабруваат каква било илузија која би можела да ја загрози воената делотворност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Гледам девојчето како да ти презреало, а нејзиниот бунтовен ум како да не сака да биде сам, па бара свои следбеници.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Изгледа дека Исус кога има ја подавал поучната мисла на своите следбеници се надевал оти таа дидактички ќе влијае колку на оној што удира шлаканици, толку и на оној што ги прима.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Пред двеилјади години, Синот Господов-Исус своите следбеници ги подучувал дека секогаш треба да го подаваат другиот образ ако претходно добиле шлаканица.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Излезе на чистинката, на снежната белина, па чучна за малку, очекувајќи ги и своите следбеници, па кога уште неколку сенки се измолкнаа од под сенките на дрвјата, волкот претпазливо, лесно газејќи по замрзнатата површина на снегот, се упати кон плевната.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)