свој (прид.) - слабост (имн.)

Тоа ќе го натера нашиот народ и неговата интелигенција да погледнат назад на своите слабости од коишто произлезе неуспехот на Востанието.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нема сомнение дека, и покрај сите заслуги и значењето што го има во македонската историја, оваа организација имаше и свои слабости, за кои не од денешно, туку од тогашно гледиште, прв и најаргументирано проговори токму К.П. Мисирков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Следните денови и покрај својата слабост, драгите гости Јана ги следеше во чекор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сепак, она што остана за мене како поука е дека секој творец на уметничкиот чин треба да знае зошто го чини, го изнедрува уметничкото од себе, зошто бара јавност за својата слабост, за својата поразеност, за она кое многумина би го сокриле.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сега сеќавајќи се за тие напорни моменти, Глигор сè почесто го управуваше погледот кон старецот, потонат во својата слабост и заспаност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
МАКЕДОНИЈА ВО ДИПЛОМАТСКАТА ПРЕПИСКА МЕЃУ ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И САД Уште во текот на војната, Велика Британија ја започнала дипломатската активност со цел да се анимираат САД и СССР во однос на можните политички консеквенции што би го имало активирањето на македонското прашање во врска со обединувањето на Македонија и прашањето за југословенско-бугарската федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Велика Британија сè уште не ја покажувала својата слабост и таа, стоејќи на "стаклени нозе", се надевала дека и понатаму ќе успее да доминира на Балканот, како и во годините пред војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Да беше умешен и да знаеше да управува со своите слабости, веројатно ќе можеше да им се наложува на сите оние кои идеа кај него само со една единствена цел, да го искористат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Непристоен каприц на порочната желба која и не е свесна дека на овој начин го потврдува своето постоење но и својата слабост“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Му ја признаваше својата слабост, кревкоста, надворешната немоќ, уште пред да се најдат во прегратката на новиот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)