свој (прид.) - сказна (имн.)

Се согласив: За сказната – со камата – своја сказна ќе ти вратам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Јатото веќе не било далеку, кога првиот тогашен ловец, скриен во висока трева, го видел жеравот и од затегнат лак пуштил стрела со бронзен врв.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Нѐ занесуваше со своите сказни и приказни Моне Хенџов-Даров и ние слушавме со отворени очи, и ние гледавме како што тој ни кажуваше, и ние шепотевме како што тој сонуваше. Шепотевме, шепотевме, но не му верувавме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
За да не се најде во пранги на мраз, јато жерави со крици се простило од мочуриштето во кое безгрижно го минало летото и се упатило кон југ.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Оние што спијат, ќе сонат своја сказна.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
За својата сказна за момчакот и костурот да ти врати своја сказна.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)