Од некој агол на своето сеќавање тој беше извлекол уште неколку стихови од заборавени песнички.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не пишуваме со своето „јас”, со своето сеќавање и болести.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Пребарувајќи така по своите сеќавања, не можеше да го најде оној момент кога сфатил дека неговиот живот, тој албум од зачувани сликички во неговата глава, засекогаш се заплеткал со судбината на оваа земја.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Се надевам дека ќе живеам уште многу години за во нив да ги запишам сите свои сеќавања, пред да умрат со мене како што сеќавањата на моите предци умреле со нив“.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Проколната беше со своите сеќавања, кои најмногу ги имаше последниве години откако остана сама.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Старецот молкна. Гледаше замислен пред себеси и на Бојана му се чинеше дека во себе тој уште разговара, дека нурка во своите сеќавања длабоки повеќе од седумдесет години.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Или само напор да не го испуштам од своето сеќавање.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Луѓето се насмеале кога попот им рекол дека животинчето му е како син и дека се вика Армодиј Давидовски и дека е заведен под реден број во црковната книга на родените, од татко Доситеј и од мајка Природа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Веднаш оној главурдест Никодим смекнал од голтка благословено вино и од некои свои сеќавања за секакви улави старци од селата под планинската црногорица и радосно рекол дека сепак започнува моторизирањето на неговата идна дивизија - мајор е, ќе стане полковник, ќе дотера и без да го читал Марксовиот Манифест до комунистички генерал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тонејќи во бунарот на своето сеќавање, срцето и се удави во некој пелин, пулсирајќи тивко, нечујно, заморено.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Целосно сликајќи ја оваа реалност, романсиерот го оживува своето сеќавање, при што надвладува споменот на неговите родители, на една куќа преполна со книги, на градот Скопје, со мешано население и со сета сакана, пријатна и трагична мистерија на Балканот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ова кажување го пренесе на една неизбришлива слика од своето сеќавање од Езерското време...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Но таа, сепак, продолжуваше да пребарува длабоко во своето сеќавање, по лавиринтите на својата длабока тишина, да ги обликува контурите на исчезнатите, во живата присутност на стеблото.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)