Армен беше изненаден, ја повика својата сестра Алиса и двајца други книжари, како и еден посетител, близок пријател на книжарницата, им го претстави неочекуваниот балкански гостин, стар пријател на основачот на книжарницата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Никодин не можеше да поверува во зборовите на својата сестра.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Сеедно, некој веќе ќе му ја скрши главата.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Некој што те брани?“ „Некој што ја брани својата жена или својата сестра.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чана насетува дека на Добра ѝ е тешко што е одвоена од нив, а уште потешко ѝ е што е без својата сестра Пелагија, која иако помала, за неа беше вистинска закрила.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ако не успее да остане сама, ако не успее да го отфрли насилникот од својата утроба, таа ќе мора така да ѝ напише на својата пријателка, а и на својата сестра.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
И не случајно еден ден, многу години по татковото починување, со напомена, ми ја испрати за татковата библиотека книгата од својата сестра Ањес Лејбовиц: Philosophie du droit international (Paris,1999)
Frјuѕ, 23 X 2000
Господине,
Како и вашиот татко кој, како што вие велите, стана ваш упорен читател на вашите текстови, и јас си ја презедов улогата на упорна читателка на текстовите од сестра ми.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Прозорците на Гнездо се отворија; стоевме крај решетките и гледавме како вратата од болницата се отвора и како двајца силни мажи ја водат својата сестра.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа беше во ноќница, по влечки, и додека така се мафташе меѓу нив двајцата, од нејзините џебови испаѓаа коњчиња, цветови и ангелчиња од дрво.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа влегле во големата просторија во која во два реда кревети лежеа педесетина жени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Си можел да се сетиш на мене, и на тоа дека имам ќерка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А јас имам ќерка. Ти, Зигмунд, си можел да се сетиш на својата сестра.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Некој им кажал невистини за нивната сестра, она чување на тивкиот оган меѓу неа и Макс им го раскажал како нешто друго, како којзнае што друго, и кога влегле во канцеларијата на доктор Гете, прво што му рекле било дека не ја донеле својата сестра во психијатриска клиника за да се курва, туку за да се лечи, и побарале од него да ги одведе кај неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Забораваме дека имаме далечински управувач и дека на вториот канал еден македонски романсиер раскажува како се наоѓа среќен крај за својата книга.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Пред тоа малаксал демнејќи колку валцери може да издржи мочниот меур на Сигмунд Фројд пред да си ја дувне од Виена без да се збогува со своите сестри и без точно да се утврди требен ли е толкав масраф за едно обично ракоплескање во ритмот на Радетскиот марш
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Пред тоа малаксал демнејќи колку валцери може да издржи мочниот меур на Сигмунд Фројд пред да си ја дувне од Виена без да се збогува со своите сестри и без точно да се утврди требен ли е толкав масраф за едно обично ракоплескање во ритамот на Радетскиот марш.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Мајка ја сакаше како своја сестра.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Брзо стасал абер од амбасадорот. Тој ѝ ги дал сите упатства, како да стигне до своите сестри и браќа, до својата рода од Измир до Цариград, до Ерзурум и до други градови. ѝ ја посочил и банката во која се наоѓал последниот аманет на нејзиниот татко, оставен пред смртта.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)