свој (прид.) - светлина (имн.)

Чувствуваше нешто многу силно во утробата, нешто што притиска од внатре, што гори, што се буди, што сака да пробие и силно да ја распрсне својата светлина насекаде од себе.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сонцето наутро најпрвин на нив ја истура својата светлина, а потоа како блескава поплава слегува надолу кон полето и во него најдоцна останува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
ПОД големиот мост во Келн, на оној мост што служи и за железницата и за пешаците, под чии сводови минува автомагистралата за Бон, речиси на дофат на монументалната Келнска катедрала и на главната железничка станица, а покрај павирните кејови на Рајна, од каде што, како ехо, допираат звуците на бродските сирени, кои овде како густи јата ја сечат реката во обата правца, во близината на трговскиот центар, се наоѓа „црвениот“ Келн, кој своите светлини ги пали во првите вечерни часови, а ги гасне во првите мугри...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Една од омилените мисли што сум ја запишал (за жал, не ја помнам книгата), гласи: „О, боже на сонцето, ти со својата светлина ја испитуваш целата земја како да се тоа знаци на клинесто писмо“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се си се врати на преѓешното место – водите на својата страна, ѕидовите во својата светлина, светлините во своите огледала.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сите куќи се свртени кон езерото кое штедро им ја фрла својата светлина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Неговиот труд и подвиг ги почитуваме и слични пофалби нема кому да упатиме, па иако отпосле светна, сепак надмина сѐ, како и Деница, која иако огрева најпосле, со својата светлина ги облева сите ѕвезди кои имаат сончева светлина.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)