свој (прид.) - свест (имн.)

Работата на James Turrel експериментира со мозочните бранови, перцепцијата и светлото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ентропистите својата свест сакаат да ја пренесат во компјутерите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Набргу можеше да ја дополни или уште повеќе да ја замагли во својата свест, вистината за крајот на Чанга и на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сосема да ја избрише нејзината присутност во својата свест, да ја направи безначајна, до крај индиферентна. Свесно избегаваше да мисли на неа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бојан зеде неколку пера, се сврте уште еднаш на сите страни, за секогаш да го втисне во својата свест величествениот видик што се отвораше на сите страни, па тргна да се симнува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На Бојана му се чинеше дека негде во тајните, скриени длабочини на својата свест го слуша неговиот строг, непореклив глас: - Оди, бори се!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За да се ослободи од нив, од сликата за нив, барем во својата свест, тој едноставно ги игнорираше - тие како да не постоеја за него.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Улицата ја набљудував само со едно око и настаните ги таложев на крајот на својата свест та и да не сакав новостите лесно допираа до мене.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се обидуваат да избегаат од тој свет, но длабоко во себе, во својата свест и паметење ги чуваат сликите од тој свет што како неизлечива рана го носат во себе...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И заплива полека во тоа, а неговата тврда корупка, што ја имаше и тој, како и секоја семенка, околу својата свест, почна сега да се отвора со една речиси неосетна спорост, низ која сепак имаше токму онолку, колку што му беше потребно простор за да се подаде и да поникне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Ни кон својата свест? - Ни кон неа. - Ни кон себеси?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Да ѝ каже ли дека болката под третото ребро ја почувствува сега првпат со својата свест и дека сега знае: таа почнала порано, пред да го бараат низ нишан, порано од денот на гревот забременет со безброј нови гревови, секој со сета боја и свој звук.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Наеднаш забележуваш дека се тресеш и очекуваш секој момент главата да се стркала од рамениците и сфаќаш дека од време на време си пресечен со остри налети на спид и се обидуваш да пиеш и мислиш дека ти се лоши и толку си жеден и толку ти студи и толку си параноичен што мислиш дека авионите те снимаат, постојано чкрипиш со забите и главата не престанува да се тресе и тешко успеваш да запалиш цигара, рацете имаат своја свест и забите не престануваат да цвокотат и не можеш да зборуваш и не можеш да се мрднеш, не можеш ни да дишеш но барем можеш да пишуваш и зарем не е време да се земе уште една.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Лежиме на грб и го гледаме небото како тече над нас и во нас и сино и големо и остро до болка, премногу светло, преубаво, зошто не сака да работи ЦД, го удирам и викам “ајде да го убиеме гитаристот што премногу личи на Nuno-Noonoh од Extreme”, со неговата коса долга и блескава и неговата рака што се движи брзо и пребрзо и го цвркоти Morris- sey така прекрасен и љубовен и одиме повторно да ги храниме патките, развигорчето ја ежи кожата и премногу е ладно и зошто седам насреде, ги хранам патките и се чувствувам како молзачка. Молзачка? Патка? Езеро? Небо? Што?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да и каже ли дека болката под третото ребро ја почувствува сега првпат со својата свест и дека сега знае: таа почнала порано од денот на гревот забременет со безброј нови гревови, секој со своја боја ис вој звук.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пред да излезе од крчмата впи во својата свест: зачадена запарност, лепливи муви по ѕидовите, сонлив келнер и исто толку сонливи гости црни како оџачари.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Овен, мислеше. Обичен овен, запиша во својата свест. Зарад роговите и густиот џбун над чело.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Најпосле јас сакам да мислам на своето утре.“ Брат му беше изненаден. „Секако, не си песок“, рече како да го заборавил нивниот последен разговор. „Седи.“ Седна и ја впи канцеларијата во својата свест еднаш за секогаш наслутувајќи зад студените ѕидови строги и непознати дамари.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој со тоа 22 okno.mk се бори против шизофрената состојба на својата свест - го спојува неспоивото, ги укинува спротивставеностите на природните интереси внатре во општествената целина, произведувајќи ја маничната национална „целина”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Речиси немаше балкански народ кој немаше своја јаничарска историја, која упорно ја бришеа победниците од својата свест, ја потиснуваа до дното на нивната потсвест, за да избие еден непознат свет со сета потискувана експлозија, која најмногу се одразуваше во демонот и делириумот на владеењето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како што наскоро ќе патуваме на Месечината и на другите планети и при телефонски разговор ќе се гледаме еден со друг, така човекот со својата свест ќе го прави тоа што го прави со својата коса: не тоа што таа го сака, туку она што тој го сака.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога ќе го споменам своето интересирање за печурките, повеќето луѓе веднаш ме прашуваат дали сум имал некакви халуцинации.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Денес слушаме за биохемиските експерименти во кои се користи amanita mus- caria или други халуциногени печурки, или дроги синтетизирани по нивен пример - за експериментите во кои професорите, студентите и криминалците стануваат привремени шизофреничари, понекогаш заради ново искуство, другпат за чисто научни цели.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мораше во својата врска, во својата свест да има врска со повеќе клучеви јазици.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
МАТЕЈ: Земи ножици, шишај. БОРИС: Сакам самиот да се шишаш. Со своја свест. МАТЕЈ: Насмеано и со песна.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Сега кога ја менуваме својата свест, насочени кон невидливите и нечујни работи, имаме други безрбетни особини: еластичност, течност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)