свој (прид.) - роман (имн.)

Просто е смешно како човекот наоѓа решение за своите проблеми!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Штом Рони заврши со читањето, го прашав дали би дошол во Фектори и едноставно би седел во фотелја надвор од видикот на камерата, и би зборувал додека ние го снимаме Марио Монтез во филмот Харлот, и тој рече: „Добро“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Џерард и јас отидовме во кафетеријата Метро на една од оние книжевни вечери во среда, каде еден писател со име Рони Тавел читаше делови од својот роман и уште неколку песни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Гебелс во својот роман Michael покажа како под дејство на водач од „масата” настанува „народ”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Истото е и со В. Бароуз, иако тој додава и некои нови аргументи кога вели дека својот роман Гол Ручек (Naked Lunch) го напишал на свесно ниво, отворен со канабисот, што го пушел за време на пишувањето, и дека многу сцени во оваа книга потекнуваат директно од употребата на оваа дрога (W. Burroughs, 1961).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Никогаш не сум студирал наука, но ја употребувам, како и технологијата, за да створам нови впечатоци, заднина и атмосфера за своите романи.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Достоевски на почетокот на нашиов век ја преточи оваа вистина во своите романи, ја стори уште поуверлива...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој таму, во својот роман, кажува дека љубел „Бугарки“ само не кажува од кои села биле.“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не беше фер, брат ми да има свој роман, а јас да немам, но и не беше фер што таа толку многу одолжуваше со него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го почна во Маврово пред две години, едно лето, па го прекина, за да продолжи дури сега.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Освен што е ценет поради своите романи и раскази, Барт голем углед стекна и како автор на два мошне влијателни есеја - „Литературата на исцрпеноста” и „Литературата на обновувањето” - коишто во многу нешта го одредија постмодернизмот во САД.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Меѓутоа, треба да се разграничи меѓу оној вид геј-култура што се состои од нови дела од (во случајов) геј-мажи што за првпат во историјата непосредно, отворено и експлицитно се осврнуваат на машкото геј-искуство како што се живее, односно како што може да се живее (или можеби се одживеало), од една страна, и оној вид геј-култура што паразитира врз главнотековната култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вториов роман дури и цитира и преработува низа вистински историски документи за да ги приспособи кон машката геј- тема.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Џејми О’Нил ја презапоседнува ирската републиканска историја за геј-ослободувањето и за машката геј-љубов во својот роман Кај Пливале, двајца момци (At Swim, Two Boys, 2001), чиј наслов упатува на еден претходен, класичен, негеј-роман од Флан Обраен.*435 И најуспешното дело на Мајкл Канингам, Часовите (1998), изгледа најгеј не кога се труди да ги прикаже машките геј-ликови, туку кога авторот се обидува да пишува како – или, впрочем, да биде – Вирџинија Вулф – некако како Руфус кога ја канализира Џуди.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Слично така, во Летот на една стрела (An Arrow’s Flight, 1998), Марк Мерлис нуди геј-прераскажување на Падот на Троја и приказната за грчкиот јунак Филоктет – иако може и да се разбере дека создава хомерски мит за Виетнамската војна, за геј-ослободувањето и за почетокот на епидемијата на ХИВ/сидата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Идеалната љубовна врска што во 1985 година ја опиша во својот роман Сината ѕвезда е врска во која еротската реципрочност создава толку едноставно, топло, природно пријателство меѓу еднаквите партнери што сексот ја добива игралитата дружевност на сеамериканскиот спорт бејзбол.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А, сепак, тоа е сосема оригинално дело од современата геј-книжевност, чија цел е да вообличи еден конкретно геј-начин на живеење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да не мисли таа моја мајка својот роман за деца да го пишува како тој Макаренко? - се исплашив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тоа се машки работи, нека си го пишуваа таа својот роман и ништо друго од неа не барам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во последно време на овие автори секако им се придружува и Луан Старова со својот роман Времето на козите, неодамно објавен на шпански јазик.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа најуверливо го покажува првин Исмаил Кадаре во својот роман Палата на соништата, потоа Никос Казанѕакис во романот Гркот Зорба, во кој ја брани од­мет­ничката виталност.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кирка и Протеј и понатаму се омилените митови на тоа време.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во својот роман Il Criticon (1651) Грасиан ги опишува своите два лика на едно пусто острово со кое владее налудничавиот свет на метаморфози: тие сретнуваат кола влечена од лисици и змии.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)