свој (прид.) - ролја (имн.)

Попчето — Крле попов одлично ја одигра својата ролја.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како и да е, ја исполнив својата ролја.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И потаму со чадор над глава, човекот со два гласа се спровре меѓу луѓето и застана крај говорникот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Некогаш, не внимаваше на часовникот. Ги набљудуваше луѓето суверено, како обожуваната актерка љубопитната публика, потоа лежерно ја играше својата ролја.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Ха, - повтори сега, исправен. Се вживуваше во својата ролја и веќе немаше ништо изнасилено во неговиот глас.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќелавкото пред него остана неподвижен во својата ролја на историски документ.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
ФЕЗЛИЕВ: Не прекинувај ме, ти се молам. Јас овде си ја играм својата ролја според договорот, играј си ја и ти твојата. Тоа е сѐ.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)