свој (прид.) - рожба (имн.)

Но мајката природа секогаш притекнува во помош на своите рожби.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој требаше повторно да се впрегне во исцрпувачката работа од зора до мрак и пак да го дочека Белчета за да дува и ука на рацете кога ќе вади слама за беговите волови, кога ќе сече дрва за беговата одаја, кога ќе го крши мразот по водениците за да сомеле што побело и поситно брашно, од кое неговата друшка — робинката — треба да меси бели погачи, да сучи танки мазници, баклави, да прави слатки алви и шеќерпариња за силникот — бегот, а таа со својата рожба да ги топи сувите корки во врела вода во котелот на верушките.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не малку изумреа и од оваа лоша храна, но пак не се исполни желбата на Арслана да се заличи и семето од овој пис милет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во трлата почнаа да блеат малите јагненца, а старите да им одговараат со мајчин одѕив од пашата и да и го напуштаат булукот за да си ги подојат своите рожби.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тогаш кога Фимка ги повиваше своите рожби времињата најчесто се памтеа по лошото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Секогаш доаѓа тој миг, распараното и скаменето од секојдневните ужаси, од чемери отруено и оболено мајчино срце - и во најтешките времиња, ќе го слушне и ќе го препознае гласот на својата рожба...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Така таа ги брои годините на своите рожби: по жетвите, по гроздоберот, по сеење и по лошите времиња.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа се навали на веленцето што го стави како возглавница и ѝ се пристори дека е дома во глуво доба, крај своето огниште во кое сигурно сѐ уште тлеат жарчињата што ги покри со спуза; ѝ се пристори дека е во шарената гостинска одаја во која го распосла излитеното веленце и мисли на своите рожби и на челадта од рожбите свои кои израснаа на ова веленце.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Рекоа: земјата си ги памети сите свои рожби и не заборава таа на нивните страдања.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Полека, полека, пелена по пелена нежно ја разголуваше својата рожба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Иако немаше своја рожба, нејзината долгогодишна работа како бабица точно ѝ кажуваше што сѐ случува во телото на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Доцна синоќа, откако го изгаснаа ламбичето, откако го запретаа жарот во огништето и си легнаа, добриот старец не заборави да му напомне дека треба да внимава на овците што се пред ојагнување, посебно да се грижи за малите јагниња, да ги дои, зашто има овци кои не сакаат да ги дојат своите рожби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Мајка ми, водена од инстинктот да се жртвува за својата рожба, раководена од стратешката визија на мојот татко во потрага по дефинитивна татковина, губејќи ја родната земја засекогаш, велеше дека Севишниот и го дарил животот за да ги спасува своите чеда.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ги носеше и ги читаше светите книги Библијата, Коранот и Талмудот, верувајќи во нивната моќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да ја отворев уште тогаш таа врата и да го минев нејзиниот праг јас ќе ја задржев посилно во меморијата на мојот живот таа храбра таткова Мајка, Хазбије анм со силен инстинкт низ своето постојано жртвување во животот да ја спасува својата рожба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нејзиниот однос кон историјата беше во функција на спасувањето на својата рожба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А мислите? На што друго да мисли мајката, ако најпрвин не помисли на своите рожби?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Големата желба да ги видат своите рожби стануваше привид на птица со цврсти крилја за да долетаат до нас, да не видат и од радост да исплакнат оболени очи, срца и души...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мајките од смртната прегратка ги извлекуваа своите рожби со млекото на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Никогаш браќата и сестра ми не можеа да ги заборават мајчините битки да ги одржи своите рожби кои, поради немање лекови, исчезнуваа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Честите умирачки на своите рожби, мајка ми ги надополнуваше со нови раѓања.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сите луѓе им се радуваа како на свои рожби.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И неговата мајка, од турска рода, со блиски на највисоки позиции во Цариград, конечно ги загубила своите илузии дека ќе може да им се придружи на своите во Цариград, со својата рожба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Маќеата не ѝ обрнувала големо внимание, не­мала нежност за неа, таа си била окупирана со својата рожба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ние си ја прифативме како своја рожба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)