свој (прид.) - речник (имн.)

Климент Камилски до доцна во ноќта пребаруваше во своите речници и енциклопедии, книги и поранешни записи, за да ги одреди петте навистина опасни зборови, во продолжение на петте третирани, во утрешната средба со Татко која беше закажана кај него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За да го долови подобро и подлабоко значењето на зборот инает, тој се обиде со помош на своите речници да го најде во превод во четириесетина јазици, но со ист корен го најде само во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Првин бараше зборови кои можеа да се најдат во толковна низа според сличност и дополнување на претходните, но, сепак, најпосле запре на зборовите: инает, севап, атер, рушвет и калауз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски се обиде уникатното значење на инаетот во балканската архетипска ментална конституција кај одделни народи посебно, да го поткрепи и со неколку фразеолошки докази.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
LIX Татко го затекна својот пријател Камилски во својата библиотека тажен, наведнат над своите речници, во потрага по последните турски заемки од речниците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се чувствуваше како во луда трка по туѓите заемки кои се криеја во редовите на страницата на книгата, на моменти се чувствувал како со перото меч ја разбива пајажината во која се криеја старите зборови, со веќе потрошено значење, според многумина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
— Стале донесе од Света Гора еден збор повеќе во својот речник: „пак, пак“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Спротивно на она што го имплицирал Роберт Феро со својот речник на замавнување со стап и шибање, да се биде многустран подразбира учтиво да почекаш на ред за да бидеш одоздола.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)