Сѐ си има свој ред!... Живи-здрави! Ај, на радост, на венчавање!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Језекил го повика малтерџијата да му донесе бетон, беше сам на таа височина, ѕидарите крај него беа ги зарамниле своите редови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сѐ си има своја памет, свој ред, сѐ се труди да порасне, да се зачува, да остави семе, да остарее. И билка, и дрво, и животно.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Си го чекаш својот ред, исто како примерен затвореник од некое Орвел–сценарио.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Изриени со брчки, умираат без глас, не дочекувајќи го својот ред.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Сега на свој ред се плаши за нешто што му го приклештува срцето.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Инаку работите си течеа по својот ред.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Генерации имени и безимени освојувачи ќе се утврделе небаре до вечноста, ќе ги превртеле овие киклопски камења, наредени од претходните освојувачи, ќе воспоставеле свој ред, ќе довлечкале или ќе изделкале нови камени блокови.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)