свој (прид.) - разум (имн.)

Дефинитивно: во стапица, врзан на крцкав стол и решен да ја испита силата на својот разум.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сите мали откритија, сознанија што ја мачеа сето попладне, што упорно и внимателно со својот разум ги отфрлаше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ослободен од секакви старателства, човекот отсега имаше да му полага сметка само на својот разум.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но ти ќе можеш да учествуваш во таа иднина само ако го сочуваш жив својот разум, исто како што тие го сочувале живо своето тело и ако ја шириш тајната доктрина дека два и два прават четири.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Јас не се плашам од својот разум, јас се плашам од својата душа,“ ѝ реков ставајќи ѝ ги рацете на рамена.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Изгледаше како да го притиска некоја огромна сила, нешто што му навлегува во черепот, што му удира по мозокот, што го преплашува во убедувањата, нешто што речиси го убедува да го одрече доказот за својот разум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)