свој (прид.) - разузнавач (имн.)

Дотогаш тие немале свои разузнавачи во Врховниот штаб на Јосип Броз Тито и во штабот на Дража Михаиловиќ и целосно зависеле од информациите што ги добивале од претставниците на СОЕ во Каиро.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По пристапувањето на Кралството Југославија кон Тројниот пакт, Британија ги активирала своите разузнавачи во Кралството Југославија кои одржувале контакти со некои српски политички партии, а кои не се согласувале со политиката на принцот Павле за пристапување кон Тројниот пакт.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Актот на пристапување кон Тројниот пакт предизвикал реакција кај голем дел од српските и просрпски ориентирани граѓани на Кралството Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај фактот што САД интересот за Балканот ѝ го остапиле на Велика Британија, сепак, со одделувањето на своите воени мисии од британските и со настојувањето да имаат свои разузнавачи во Југославија и во федерална Македонија зборува дека САД постепено го започнале своето инволвирање во политичките работи на Балканот, иако тоа било само "срамежливо" покажување интерес за работите што се одвививале на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За формирање мисија во Каиро, од страна на Вашингтон биле испратени полковникот Елери Хангтингтон, висок офицер на ОСС, заедно со полковникот Густав Гентер и мајорот Луис Хјут.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но секако биле свесни дека е неизбежен идеолошкиот судир со СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)