свој (прид.) - размисла (имн.)

Внимателно продолжи да го слуша прекинувајќи ја својата размисла.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ќе се обиде ли да ја задржи ако му каже за својата размисла да се врати дома? И дали да му каже?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Секој се губеше во спиралата на својата размисла за јазиците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За сето време додека беше на Трескаец, за сите тие пет години оваа своја размисла мораше да ја сокрива од другите манастирски воспитаници, од калуѓерите и најмногу од стрикото Ефимеј.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)