свој (прид.) - разбирање (имн.)

Секој според своите разбирања, според својот ум и срце.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Секој човек требе да е слободен.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Беше таен сведок на еден несекојдневен брак, беше студен и јасен како кристал во своите разбирања: видот го одржува математичко плодење, мелодрамата е зол товар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сакам да су слободен прво јас, па после сете луѓе, — одговори Толе и го изнесе своето разбирање за слободата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Искажувањето на своето разбирање на народните идеали и критиката на таквите не е празна работа, зашто идеалите се душата на општата народна работа и од здравоста на таа душа зависи и здравоста и плодовитоста на самата општонародна работа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)