свој (прид.) - професор (имн.)

Нивните односи беа поблиски отколку само како однос помеѓу професор и студент: Мисирков често го посетуваше домот на својот професор и разменуваше писма – на полски и на руски јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не случајно и во 1905 год. Мисирков го поканува својот професор за соработка во своето сп. „Вардар”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа и не е чудно што на прво место меѓу поканетите за соработка во сп. „Вардар“ го поставува својот професор Лавров, кој во 1902 год. го имаше оставено Мисиркова на својата катедра за постдипломски (славистички) студии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Всушност, и двајцата истовремено се сетија на својот професор по интерна, беспогрешен дијагностичар и анегдотичен заборавеник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таму во градината, кога времето го дозволуваше тоа, или пак, кога студеше, во куќата, Фридрих Рихтер нѐ учеше како точката се развива во движење и линија, како линијата се шири во површина, како површината се претвора во простор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За Рајнер знаев само малку нешта, оние кои брат ми ги имаше чуено од својот професор, доктор Ауербах.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Доктор Ауербах ги негирал претпоставките на своите колеги дека тагата на Рајнер делумно потекнува од тоа што неговите родители го добиле во поодмината возраст, и повеќе изгледаа како да му се баба и дедо отколку татко и мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми беше прашал дали мене би ми било дозволено да ги посетувам часовите, на кои потоа ме водеше секое неделно претпладне, во домот на својот професор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Често се среќавам со еден свој професор од средното училиште.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Неспособноста на тие млади луѓе како студенти јавно да го артикулираат проблемот што го имаат со својот професор е израз на нивната немоќ како општествени субјекти активно да учествуваат во конституирањето на јавноста како таква.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)