свој (прид.) - простор (имн.)

Исходот од тој родово конститутивен процес се јавува во многу аспекти на формирањето на мажествениот субјект кои се земаат здраво за готово и кои поради тоа се инстинктивни: тие аспекти се движат од чувство дека имаш право на сопствените чувства и мислења до чувство дека имаш јавен свој простор или барем дека во него ти е удобно, до уживање на правото на говор и на можноста да ѝ се наметнеш на група или да ѝ ги наметнеш своите ставови, до запоседнување на сопствена еротска автономија и сопствен сексуален субјективитет. ‌Геј-мажите, тогаш, се и како стрејт-мажите и различни од нив, исто како што се и како стрејт-жените и различни од нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да те признаат и да те третираат како машко неминовно значи и дека си општествено и субјективно конституиран како машко.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Истовремено, повеќето такви мажи си ги задржуваат општествениот статус и чувството на субјективна овластеност што им припаѓаат на сосема полноправните мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете пар бегли “клучеви” за оваа игра-текст замислена како отворена структура жедна за надополнување во обидот едновремено и да се држи до овој овде “градителски” контекст и да го пречекори пречекорувајќи ги пред сè своите маргини, своите простори на распростирање, на начин да не нуди некакви заклучоци, туку да провоцира и поттикнува, па макар и на овој делумно какофоничен начин.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ми се стори ковчегот самиот од себе се издолжува, станува мерка на непознат човек од минатото, го ослободува од грч со својот простор, да се протегне, да ја подаде раката и на еден извежбан начин да го поткрене капакот, од ноќ на ноќ свикнат на неговото чкртање.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој е таму, внатре, во некој свој простор каде што јас не можам да допрам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Како стрејт-мажите се по тоа што се мажи и што на повеќето од нив, барем отпрвин, им се укажува достоинството и чувството на субјективна ополномоќеност што, главно, им се придаваат на мажите во систем на машка доминација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)