свој (прид.) - пријателка (имн.)

Потоа ги испружи рацете преку рамената на својата пријателка, ги сплете на грбот по кој се разлеваше нејзината долга брановита коса, силно ја притисна кон себе, потоа се оддалечи малку од неа, за да се погледнат очи в очи и, кога заеднички ја фатија нитката на длабоко вслушување во молкот, Илона тивко проговори: “Тоа е мојот единствен пат. Помогни ми. Те молам.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа дури успеа и да ја пецне Пег, својата пријателка критичарка, во врска со „темните навестувања“ во брошурата (едновремено ласкајќи со Френковата споредба со прочуениот, покоен професор Трилинг) и Пег весело одговори: „Порекнувај го тоа колку што сакаш, Џоен; Фрост го правеше истото, но критичарите беа во право: ‘Застанувајќи крај шумата во едно снежно попладне’ е песна за смртта.”
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Јас верувам во тоа,“ зборуваше Ема Ендековска повеќе како за себе, без намера да ја убедува во тоа својата пријателка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Илона остана во студиото на Ема до полноќ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ако не успее да остане сама, ако не успее да го отфрли насилникот од својата утроба, таа ќе мора така да ѝ напише на својата пријателка, а и на својата сестра.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)