свој (прид.) - причина (имн.)

Ваквиот индустриски развој има свои причини.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не знаеше зошто Полицијата на мислите би избрала да ги испраќа своите пораки на таков начин, но можеби тие имаат свои причини.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но од свои причини, Французите не можеа да отстапат, па во еден момент едниот, а по него и другиот, се тргна назад, се фати за ременот од пушката, се вкочени и заповедно им го покажа патот што води право кон Ливаѓе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се она што се јавува како последица на човековата мисла и творечка моќ има своја причина.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но во ноќта секој шум има свор потекло и своја причина да дојде на свет - шум на ветар и дожд, кучешки јад, накашлувањето на слепиот Константин, не од настинка туку да го потврди своето присуство.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Некоја своја причина за тоа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Лежев сраснат со грб за земјата кога Марко Марикин, самарџија, абаџија и некогашен црковен пејач, човек што има за сѐ свои и само свои причини, малку разбирливи за другите, почна да се смее и да се удира наведнат со дланки по колениците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
4 На неодмрзнатото небо се движеа на свое гумно девет орли, се лизгаа со вкочените крилја по сивотијата и беа слични на дршки од секири во бавен вир на река што негде, на патот, бришела варовник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секоја работа треба да ја размислиш добро, секоја последица има своја причина – мирно му објаснуваше старецот, седнувајќи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)