свој (прид.) - присутен (имн.)

Беше 15 мај, топла четврточна вечер, првиот свечен ден на Европскиот месец на културата Љубљана 97, онаа културна манифестација којашто настанува под закрилата на Советот на Европа, политичка творба која својата присутност на светската мапа ја зацртува и за помалите, неважните, зависните, подредените, банана држави.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, овците немале само проста задача да јадат, туку со својата присутност давале и голем придонес во растот на еколошката свест кај луѓето, всушност, биле живи книги од кои, децата, а и сите заинтересирани, можеле да го научат она што не го знаеле за овците.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Стрела, насетувајќи движење, ја најави својата присутност и својата нестрпливост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Салата во тој момент занеме.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)